Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првите запчиња

Дискусија во 'Бебе' започната од mtb, 2 декември 2009.

  1. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    IMG_20201102_185715_694.jpg
    Дебела мајка не се залажува со путер колачики. Димитриј на 8 месеци има заб, па частење. Мајкава транс, ко да магистрирал. :P
     
    На Iva Mitrevski, MAjche87, eta и 22 други им се допаѓа ова.
  2. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    998
    Допаѓања:
    2.291
    Пол:
    Женски
    Мајки колку време проаѓа до целосно излезено запче откако веќе убаво ќе пробие? :inlove:
    Пс. Зошто без флуор треба да е пастата, гледам повеќето наменети за бебиња содржат?
     
    Последна измена: 12 ноември 2020
  3. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.496
    Допаѓања:
    13.598
    Пол:
    Женски
    Зошто ја голтаат, не ја плукаат. И може да се претера со флуорот ако им е интересна пастата, особено зошто во Македонија има флуор и во водата, па со тоа и во се што јадеме. Ако живеете на друго место, можно е да ви препорачаат да е со флуор, ама тука подобро е да е без додека не научи детето да плука.
     
    На WonderGuurl и SanelaS им се допаѓа ова.
  4. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.778
    Допаѓања:
    93.920
    Пол:
    Женски
    Ова го прочитав неколку пати на форумов,и ми е доста чудна логика,може грешам.
    За да не се расипат мислам дека е пресудна хигиена уште од прв заб,внимавање на внес на шеќери преку исхрана,и навечер да не се пие од шише. @Spidy ?

    Иначе мојава од 3 мес почна да се лигави екстремно,на 5 и’ излегоа двата кеца доле,сега на 7+ има 5 заби.Прилично лесно ги извади,знае да закенка ама секундарно се смирува.
    Е често се буди навечер и бара да е блиску до мене или цица долго за утеха,но ке издржам:yawn:
     
    На eta, 0ли, MinnieM и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.496
    Допаѓања:
    13.598
    Пол:
    Женски
    Баш така е. Проблемот е што ако има заби на 4-6 месеца никој не се замара да им ги четка, уште внесуваат млеко во текот на ноќта, и затоа рано се расипуваат. Значи хигиената е во прашање, а не на која возраст никнале.
    Јас и ја четкам устата на малата од 5 месеца, прв заб доби на 10 месеца, и сега на скоро 2 години секоја вечер мие заби, само ако јас не сум дома легнува со немиени заби зошто никој друг не и ги мие.
    Ако родителот одржува хигиена, забите ќе бидат здрави. Ако не ги мијат, тогаш и на 15 месеца да никне првиот заб, кога тогаш ќе се расипат.
     
    На MinnieM, dunika и WonderGuurl им се допаѓа ова.
  6. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    998
    Допаѓања:
    2.291
    Пол:
    Женски
    И нашиве два долни кеца се проследени со неспиени ноќи ама сигурно му е мачно на бебе:doh:
    Искрено не ни претпоставив дека се запчиња, сметав дека е премало уште
    Сега ептен ми е интересно кога му ги гледам, за 2 дена до пола излегоа
    А кога престанува болката за бебуш, откако целосно ќе излезат?
     
  7. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    2.595
    Пол:
    Женски
    @Annath дали е можно на бебе првите кецови да му бидат како со жолто, како наслага?
    Или не се скроз излезени па така? До пола му се.
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.590
    Допаѓања:
    201.832
    Пол:
    Женски
    Обично не излегуваат со жолти наслаги, треба да се мијат забите. Земи четка и почни да му ги миеш редовно. Ако се изгуби жолтото, наслаги се, ако не се изгуби, може да е нешто во минерализацијата на забите.
     
    На RAK91 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    2.595
    Пол:
    Женски
    Што би значело тоа?
     
  10. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Со што ги четкаше на 5 месеци? Има некоја силиконска четка за таа намена?

    Има ли уште некое бебенце 6+ без заби или само моето е? :D
     
    На eta и babyboy1 им се допаѓа ова.
  11. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.496
    Допаѓања:
    13.598
    Пол:
    Женски
    Силиконски напрсток, најсоодветен ми беше. Пробав со четка, ама додека немаше заби некако не ми беше ефикасна.
    Иначе 6 месеца е долна граница за просечно никнување на заби, може и на 14-15 месеца да никне прв заб. Не се брзај, ништо не значи тоа кога ќе никне. И на мојата и никна на 10 месеца првиот, поточно 3 наеднаш никнаа.
     
    На eta и Jana06 им се допаѓа ова.
  12. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки
    Деновиве малку пораздразнети и нервозни. Малку спиеме дење а ноќе често се буди за цице.
    Вчера одбиваше да јаде. Немаше ништо на допир на жлебинките , но утрово забележав остро како игличка на левиот кец доле, но неможам баш убаво да видам.
    За колку време пробива целото забче?
    7 месеци и 3 дена сме
     
  13. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.531
    Пол:
    Женски
    И моето нема, не е само :D
     
    На babyboy1 и Jana06 им се допаѓа ова.
  14. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Каде има силиконски напрсток? Не сум начекала низ аптекиве
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.271
    Допаѓања:
    18.391
    На моето една недела пред да наполни 7 му излезе првото. По 20дена второто, па по два месеци другите два кеца, по два една двојка ... и така сега е со 5 забчиња:D
     
    На RAK91 и Jana06 им се допаѓа ова.
  16. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.496
    Допаѓања:
    13.598
    Пол:
    Женски
    Не можам да се сетам од каде го купив, можно е и во Џамбо да било.
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.590
    Допаѓања:
    201.832
    Пол:
    Женски
    Дефект во минерализацијата, во времето на создавањето на забите уште пред да се роди бебето, може да биде предизвикан од разни фактори, дали генетски, дали надворешни, тешко се открива. Не е страшно во секој случај, не значи дека и трајните заби ќе бидат такви.
    Почни со миење и одржување хигиена ако веќе не си почнала.
     
    На RAK91 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. babyboy1

    babyboy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    5.193
    Пол:
    Женски
    Да ви се придружиме и ние без заби :D
    Генерациски ќе да е ова :rofl:
    @0ли @lavinija28
     
    На Jana06, lavinija28 и 0ли им се допаѓа ова.
  19. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.679
    Допаѓања:
    2.159
    Пол:
    Женски
    Хахахаха, баш вчера зедов едно метално лажиче и правев проверка со нежно допирање на непцата, ама сеуште нема ништо:))
     
    На babyboy1 и 0ли им се допаѓа ова.
  20. MinnieM

    MinnieM Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.911
    Пол:
    Женски
    Јас од ДМ земав.
     
    На eta и Frosty! им се допаѓа ова.