Дали за горните кецови видовте мака при никнување? Долните излегоа без проблем, овие денови е многу плачлив, се буди со плачење, навечер плаче пред заспивање. Го мачкам со гел ама џабе. Како да му олеснам?
Голема мака,особено со јадење. Многу нервози,фрлени каши,плачки. Два месеци мислам дека беше лудилото Мачкав фризидерм ама не верувам дека нешто помогна. Со лесно
Нека ме поправи некој постручен ако може Дали излегуваат прво пар запчиња доле (пр. кецови), па после кецовите горе, па прво двојките доле па двојките горе? Или сум заборавила нешто од пред 6 години? На едната и излегоа сите 4 кецови, мислев дека следно треба двојките доле, ама денес видов двете двојки горе излегле, долните уште ги нема Имаше ли врска нешто распоредот како излегуваат?
Има ред, ама не значи ништо ако малку се утне. Генерално е единици, двојки, четворки, тројки петки. Не е толку важно дали прво горе или доле.
Можно ли е горните два кеца да излезат една недела после долните? Сите работи укажуваат на тоа, ама некако ептен брзо ми се чини, само што излегоа долните. Бебе 5 месеци
Мајки вие што вадевте прво забче со температура, колку време траеше тоа и до колку качуваа температура?
И кај нас ќе излезат за брзо пред 2 дена и излегоа долните, а горните и се исто една недела пред да излезат долните, ме дојаде бебето јас сум и глодалка
Уф, грчевите се ништо во споредба со ова. Искрено се надевам ќе пробијат за брзо, ми се изнамачи бебе ептен Кај вас со лесно ли излагаат?
Како забите пострашни од грчеви? Не ме плашете, за мене грчевите се број 1,што не поминавме со тие грчеви Што се случува кога искачаат заби? Синко се мачи 2 месеци веќе, потечени се, се чеша, сега во последно со вриштење се буди ноќеска и сака да спие само гушнат во мене, се кубе, се гребе по глава, преку ден на моменти е многу кенкав и исто пак се гушка. Не е во скок, па претпоставувам забите се проблемот.
Секое бепче е различно, ама кај нас ова не се споредува со грчеви. Ете така, на пола саат станува ноќе со вриштење, не се смирува никако, се зафрла наназад, преку ден исто плаче и си цивка како да се жали. А и тотално смени расположение... Кога сакам да му ги проверам, ме удира по рацете, се брани да не го допирам од што го боли...
Воопшто не излегуваат лесно, од грчевите хорор од заби ептен. Плаче ноќе со солзи едвај ја смирувам, со ракавици е посто се куби по лице, ушите, си го гризна прстот од долните плачеше многу шилести и се. Ја мачкам камистад гел ама си го излокува, маж ми и стави бело ладно вино.килибарното не сака да го носи го тегне Цел саат ми плачеше сега
И кај нас е хаос со забчињата Не знам што беше полошо дали грчевите или забите. @Annath џабе четкање, такви се сега забите. Дали можам да превземам нешто од сега? Бебе е 8 ++
Четкајте редовно, нема друго што да се прави. Наутро, навечер, да се мијат. Цуцли, шишиња да се исфрлат, сокови исто така, да се премине на пасирана храна, со парчиња да џвака, блендирано никако, повеќе фокус на фингер фуд, ама да не биде тоа бисквити и смоки, туку корки леб, јаболко и слично. Оти се' се лепи на забите и се создаваат наслаги кои потоа тешко се чистат.
Majki megu edinicite gore ima li praznina prostor kaj moeto ima i taa resickata e dosta ispaknata.Imam prv termin na zabolekar pa ke vidime i tamu.
На малава првото запче и проби пред 10 тина дена дури не ни приметив, никакви симптоми освен на моменти ќе гриза нешто ќе се нервира и одбиваше да јаде. Јадеше парченца или со прст, а види лажиче плаче. Ноќе се будеше ќе цица подолго време и ќе си заспие. Завчера гледам и другиот кец доле се наѕира. Не мора да значи дека ќе имате проблеми како со грчевите.
За кого како. За некои што немале грчеви воопшто како бебе, забите се пострашни. Твоето може заби без проблем да вади, нема правило.
Ви качија ли бебињата температура при вадење? Мојата денес има цела нок и цело утро се жали, жедна е пие чај, цица на секој пила час и дадов далееон сируп. Едвај ја заспав пред малку
Многу ли качи? Можеби веќе се отворило местото штом качува температура, па за брзо да излезе ви запчето. Како што знам температура качува кога пробива запчето, отворено непце и пад на имунитетот во устата на некој начин.
Бебе има 8++, најпрво му се појавија жолти наслаги на горните кецови, денес гледам едниот кец почнал да се рони! Па зарем е можно? Не сме пиеле ништо со шеќер, не користиме цуцла, шише ретко. Што можам да направам за да спречам? Зарем сите заби така и ќе остане без заби? Ги четкаме редовно зАбите.