Претходно прашував за едната ќерка, сега за другата Имаше три забчиња, двата кецови доле и горе левиот. Го чекав четвртиот да излезе, го нема. Наместо тоа излезе двојката горе десно Зашто вака прескокна двојката, дали укажува на некаков проблем?
Тие што користете вакви гранули за запчиња, како им ги давате? По колку? Растворени или директ во муце? Ми ги донесоа, не знам како се употребуваат...
Bei akuten Beschwerden: Säuglinge (im 1. Lebensjahr) Einzeldosis: 2 Globuli Gesamtdosis: 1-6mal täglich (max. 12 Globuli pro Tag) Zeitpunkt: im Abstand von ½-1 Stunde Не е многу 8 одеднаш? Еве што стои на официјалната страна, а и аптекар така ми кажа... Додуше овие хомеопатски се, па треба и бебуш да верува во тоа дека му помагаат
Бебе е 9++ месеци и абер нема уште од запче, ниту попбелено немце ниту набабрено. Првово дете на 7-8 месеци прво запче извади.
ne se.mnogu toa kako da ladat takvo dejstvo ima gi imam probano haa.Akp gi koristis od online aptekite se mn poeftini.Kaj moevo demek ima efekt.
Овде во Германија на онлине аптеките се од 4 до 5 евра кога не се на акција, значи нормална цена кога се на акција се наоѓаат и по 3 евра.
Мајки ве молам за совет! За неколку дена бебчето ќе наполни 6 месеци, во меѓувреме многу е нервозна, кога цица плаче и се трга, кога јаде кашичка првите неколку лажички ги јаде супер потоа почнува да плаче.Се лигави многу, веќе месец ипол или два. Рачињата и ноџињата и се постојано во уста, се што ќе најде пика во уста, ме гриза за образите, не спие мирно во сон со рачињата си ги трлка образите и кога е будна постојано е нервозна и плаче, пред тоа беше мирно бебе затоа ми е малку чудно сега. И ставам гел за разладување на непцињата Vivident baby и додека и ги чешкам непцињата ужива, температурата и е благо повишена до кај 36.9, 37.0, читав за симптоми на вадење на заби, но сепак сакав да се посоветувам со вас. Се извинувам на долгиот пост, секој совет ми е добредојден.
Горе има два кеца ,една двојка и втората е на пат. Ме интересира дали ова разделување ќе го снема откако ќе изникнат сите заби? Генетски ,немаме во фамилија ваков случај
Finally! Не едно, ами двечки! Мислев со Дедо Мраз ќе дојде, ама го шишна, хах! Конечно на 8 месеци се појавија. Многу е нервозно бебе засега. Рика навечер. За колку време пробиваат? Во таа чест, неколку сликички
Температурата не и' е покачена, нормална температура на бебе е од 36,8 до 37,5. Твоето бебе нема покачена температура. Над 37,5 ако има, тогаш ќе ја расоблечеш да се излади. Пикање раце и сè што ќе дофати, зинување на сè е својствено за сите бебиња на таа возраст. Буквално сè пикаат во уста и се лигават. Види дали непцата и' се отечени, давај и' глодалки што се со вода внатре и разладувај ги претходно во фрижидер.
Нека се редат ко бисерчиња На мојава брзо и пробиваат,денови се во прашање.Чим почнале,сега ке излегуваат и други. Кебкањето навечер е кратко исто,бар кај нас беше таков случај.
Исто! 9+ и ни абер од запче, мада доле непцето и’ е благо подуено веќе еден месец. Големата на 5 месеци извади доле кецови, до 9 месеци веќе 6 заба имаше, вторава абер никаков. Почнав да се загрижувам, дури и на матичната и’ пишав, вика си видела негде дете без заби? Ќе излезат, не брзај И така Ми олесна што има и други бебиња како мојава, а баш дојдов на темава да се жалам