Wow, сериозно? Не сум чула толку касно да избие прво запче. И после тоа другите брзо излегоа, лесно ги извади? Јас све си мислам ако каснат, дека потоа сите одеднаш ќе излезат и ќе и’ биде мачно. Може нема врска, мое лаичко размислување
Да. Немаше големи проблем со другите, бргу излезеа скоро сите одеднаш. Беше кинкава најнормално додека ги вадеше, само еднаш имаше висока тт и беше поплачлива, а некои заби без симптоми ги извади. Мајка ми на година и пол прв заб извадила
Па да, викаат обично наследно е касното вадење на заби, ама еве ни јас ни мм не сме извадиле касно прв заб. Башка и првата ќерка нели на 5 месеци извади, ама па видиш за родителиве мои и на мм не сум се распрашала (можеби има врска со нив). Не дека многу се преоптоварувам, ама па не очекував дека досега ниеден ќе нема мојава, чудно ми е. Ама еве и ти ме увери дека е нормално, фала што сподели искуство
На мама мајка и ја носела на доктор поради тоа што немала заби и др и кажала деке ќе никнат и дека ниедно дете не останало без заби. И поради тоа јас многу не обрнував внимание.
Син ми на 8 месеци првите две доле, едно по друго. Сега еве скоро 3 месеци поминаа без ново запче. Почна горе кец да му расте ама никако да пробие како врвче од игла му се гледа, и доле тројче исто така. И јас ептен се загрижив, ама кога ми кажаа дека татко му после годинка почнал да ги вади, малце се смирив.
Да знаеш дека горните кецови цела вечност излегуваат додека се појават скроз Со големата се чудев зошто и’ се толку мали, ко ќе се насмееше не и’ се гледаа ич, ко да ги немаше Излегоа цели тек после не знам колку време и баш имам читано за ова
5ките се нешто слично на 3ки при вадење? Една недела како немирно спие,а од синоќа и плачи во сон исто како кога вадеше 3ки. И дали на 19месеци се 5ки или е рано за нив?
Петките обично после 2та година излегувале. Мојава ги вадеше на 2год.и 2 месеци. Бебево 9 месеци,денес и го занележав 4то забче. Две долу,па двојче горе и сега единичето.Големава првин единичињата ги вадеше па двојките.
3ките кај нас потешко ги вадеше,а 5ките се поклопија со ново бебе и грчеви,вознемирена беше и ноќе плачеше што од заби што кога ќе се разбудеше и видеше беба во рацехорор е мал збор тоа што минав.
Нема правила. Синко на 5 и пол имаше 2. И сите едно по друго заредија. Околу 1 година вадеше 4ки и 3ки во исто време, месец и пол само цицаше. Секое вадење заби е пропратено со нејадење, тегнење уши и кубење коса. Понервозен е значително. Речиси цело време вади заби со паузи од некоја недела.
Како сама себеси да си пишувам. Еве го бебе во рака со грчеви а едвај го смирив другиот. Урлаше кога го виде татко му до него. Гледам на постелнина се лигави. А и одбива да јаде деновиве па затоа помислив на 5ки
Да баш сакав да ти пишам ми рекоа дека не е никаков проблем дека со растењето на другите заби таа празнината ќе стане помала.
Јас давам по 8, на страната на инста пишува дека може ако ептен има потреба и на секој пола саат ама да не е повеќе од 6 пати на ден. Кога ќе се смири малку, да се изретчи давањето
На бебушка моја и излезе првото запчее Гледам нешто бело,фаќам и гребка Стискам тврдо рапаво Радости живи сум Уште на почеток е Затоа многу лошо спиеше овие две три ноќи ,мислев дека сме во 5ти скок, ама изгледа ради забчињата Душа на мама Сакав да прашам кога убаво ќе се гледа бело запче , да се спремам за колачиња ?
Брзо ќе си порасне забчето. Ако нарачуваш колачиња можеш уште веднаш. Им треба време додека да ги испорачаат. Ако сама дома правиш почекај си уште некој ден.
6 месеци полни и (скоро) 6 запчиња (горните двојки само ѕиркаат) Во рок од месец и нешто ги извади, не прашувајте дали сме спиени Туку, сакав да прашам, до долните единици има доста празен простор, па доаѓа набабрен дел... можно ли е да има толку празнина (колку цело запче) меѓу единица и двојка, бидејќи нелогично ми е 3ки да излегуваат пред 2ки