Фала ти. Имам 5-6 такви со вода, ги ладев ама ги фрла. Се смирува само со луѓе, гушнат во раце. Ќе пробам и со генги ако не помогне дентинокс.
Овде ќе ти заблагодарам оти сум ја утнала темата И нас денес @Jana06 на моево не му беа ни набабрени воопшто освен преку ноќ што кемкаше и знаеше да се улипа, со јадење со се исто си е. И ништо не мачкав и фала богу лесно го изваде
Што убаво, сите така неосетно нека му излезат. На моево 3-4 месеци му се набабрени веќе ни сама не знам колку време ги вади.
И јас изгледа иста приказна ко тебе ќе терам така 3 месеци. Педијатаров кажа рано е да му избиваат се оформувале. Пика тупаница и валда се повредува пишти до зајдување не можам да го сопрам Со лесно
Леее три вечери сон немам сврзано на секој час ме буди буквално час и половина е премија ако поспијам.. Со плачки станува го земам го нишам и цуцлата почна да не ја сака а без неја не заспива умрена сум за спиење.. Кога ќе го фатат нерви не само рацете во уста цело лице го чеша образите мислам ќе ги искине.. И тогаш со мм го занимаваме како кловнови сме колку да се подсмири.. Софка кога ќе ја нападнее ја тегне.. Хаха.. Со лесно на сите
Оф, еве исто проблем со спиење. Само што го заспав, раце ми паднаа и не спие мирно само вика во сон. Ама готово, проби запчето се гледа ептен и го осеќам дека гребе. Ќе видам сабајле ако е излезено убаво да нарачам колачиња
Ај на здравје запче, да си ги реди сите! Ви тргна вам @lavinija28 да се јави дали има запче и нејзиното. Кај моево уште нема, непцата набабрени претерано му се, долу непцето му е бело целото. Една мала Софи искина, купував друга, а големата уште се држи и не се дава. Според Марина, вади заби уште пред да направи 2 месеци
Хаха исто, нели баш ти пишав. Инаку, и кај моето непцето една недела минимум е бело и еве денеска почна да гребе така да, кај и да е очекувај и кај вас.
Да си ги реди сите и без проблем да си ги вади Нашите се како бели како исцртани али еве абер нема две недели може му се така само во последно кажав е многу нервозен.. Синоќа сум поспала само три пати ме стана од кои два за јадење..
Неееее, немаме сеуште Долу му се набубрени непцата ама не многу, а како да се познаваат бели кецовите ама нема уште никакви знаци за излегување. Раце, предмети, играчки цело време во уста и си се чешка. Ќе почекаме уште некое време, баш денес викав кај да е ќе никнат Едит: и обожава да му ги зема рацеве и прстиве и се чеша и ме каса како да нема јадено 100 години ))))
Дали е можно да се јават симптоми на блага настинка при избивање на заби? Левата горната единица почна да пробива (7м и 2 недели е бебе) и од вчера има многу секрет, а денес како да засипнува. Дали е ова за загрижување, да не се јавила некаква инфекција на непцата?
Јас сега од ко изваде заб, сватив дека крчеше со носето од забот, досега не сум му го чистела ама последнава недела само го чешаше и прскав синомарин и со пумпица му влечев течен секрет прозирен. Ептен му сметаше и се нервираше Сега еве излезе забчето и нема ништо
Излегувањето на секое забче е со различна брзина. Моево прво доле ги извади кецовите, после 1 месец горните, и тие ги претркаа дупло долните во растење. Така да, може и долго да излегуваат. Кога ќе пробие непце колачиња
Еве и ние да се пријавиме- ни излезе долу десниот кец , а се спрема и левиот Гребе на допир, чука со лажиче...Само мн сме нервозни+ денес и вакцина си примивме...Милина....
Можно е да почнат 3ки да излагаат пред да излезат сите 4ки? 9 запчиња имаме, а е само 7 месеци синко Сега гледам до излезената 4ка и 3ката е набабрена скроз, па ме зачуди дали е можно такво нешто?!