И јас да се пофалам конечно имаме мало врвче од забче што грепка на чаша... Мајками му го најде, плачеше да пиел вода од стаклена чаша, и секако бабата све му дава, па во моментот кога ја стави во уста одма гребна, го намаливне тонот на телевизорот и пак се слушна чисто грепкање. Јас нема да прам колачиња, ќе порачам балонче со хелиум и ќе го сликам едноставно.
И јас да се пофалам за четири дена три запчиња на 11.02 долу десен кец,по три дена двете двојки горе и тоа убаво гребат и тропкат сега гледам и левиот долен кец уште да пробие 6 и пол месеци сме
Се појави ли веќе како целосно запче ? На ќерка ми вечерва и тропна ,па да знам за колку време излегува . Поточно ко ме "гризна" за цице осетив гребење па пробав по чашата
Утредента се појави целото како цртичка згора, по три дена и единицата друга до него одма се појави. Сега едното му е 1 милиметар другото помалечко.
Мајки да ве прашам кое гелче помага најмногу за вадење заби? Инаку да напоменам сме 3+ и и' се набабрени двете двојки горе, дали е нормално двојките да излезат пред единиците?
Ајде и јас да се приклучаам на темава, мајки доле левиот кец ептен малку е пробиен, а десниот кај и да е ке пробие.Бебчо е преемногу нервозен, мачкам Генгигел и го смирува ама тоа кратко трае. Имам и од Осанит гранулите па да ми кажете како се дозираат, дневно по колку? Инаку за 6 дена правиме 5 месеци.
Мислам дека уште ги нема, мене моите ми ги пратија, гранулите и гелчето. Гелот некако не го сака се мршти од него а од гранулите давам по 8 дневно и доста смирувачки му делува ама денес е посебно нервозен и сакав пак да му дадам вечер пред спиење..
Со никаква паста мало е уште. Има едни комплетчиња во бебе хоум силиконска четка и две поголеми за понатака околу 300 ден мислам беа.
Прочитав на тулиа на инста имаја пред некое време пост за заплина и пишеше дека имало некои пасти што биле дозволени за бебина... Затоа прашав што паста.. Утре ќе купам четки веќе еден месец ги имаме двете запчина Едит: еве најдов паста без флуор Али што ќе се чудам што паста е таква ќе мијам само со вода
Без флуор има на Нук паста и четка силиконска во комплет. Четката ја користам само стерилизирана, без паста.