Забчето почна по малку да гребе и кога ставам лажиче тропка. За колку време да очекувам да излезе? Прво забче е
Кога нарачавте колачиња за забче? Кога никне целото запче или веднаш штом се појави? Кај нас белее т.е по малку се гледа и се чудам кога да нарачам
Излегло првото забче и на нашето бебе точно 6 месеци и 2 недели. Не ја приметив, сестра и кога вадеше заби сите комшии знаеја, вриштење беше. Ова похрабро бебе.
Не сум го носела ,ниту пак некој ми кажал. Ќе видиме кога ќе стигнат тројките Ама не верувам дека ќе има некоја драстична промена,баш е голем просторот помеѓу единиците.
И на мојата и се така и денес се к8нсултирав со ортодонт ми рече ништо да не се прави да оставам така како што е и кога сите забчиња ќе и никнат тогаш да ја види, за сега ништо не се прави
Јас денес бев на вакцина и педијатарката ја виде и она ми рече дека може да има проблем, се консултирав со ортодонт и он ми рече ништо да не фаќаме нема простор за грижа, додека не никнат сите забчиња до 3, 4 години ништо не сецнуваме
Мене ми смета од естетски аспект, педијатарот го следи од раѓање навака,не спомнала ништо до сега околу тоа како проблем Те прочитав во другата тема дека го наведуваат како проблем со говор или исхрана, мојот има 17 м и фала богу се е во ред. Почнува дури да кажува и реченици,за јадење не е некој јадач,ама се што пробал си го изџвакал.
Е супер вака што читам и други искуства. Мојата е 12 месеци, сеуште не зборува, од естетика ама воопшто не сум ни забележала дека не е во ред, напротив , многу ми е слатка со горните 2 забчиња, зајче ја викам и без нив ама сега ми е ептен слатко За јадење она џвака од 6 месеци, блендирано не сака, така да сигурно се ќе биде во ред и кај нас
@Sofi.ja @Kallias2 каj нас заврши сo интервенциjа на детска хирургиjа. Премнoгу и беа oдвoени, ресата и пoминуваше низ забите па мoраше и сo успивање. Сите не сoветуваа дека е пoдoбрo пoмалo и дека дo сега сме требале да средиме.