Леле беба моја Двата долни единици ги извади одеднаш ,во две недели и горните и на средина на втората недела гледам горни двојки ѕиркаат Ништо нејќе ,кенка ,гризе ,само хартија сака да јаде пишти ако начека и и ја земам хаос сме
Оcе мене многу ми помогнаа оние гумените како цуцлиња што се но што можеш да ставаш каши/овошје во нив, ги има по аптеките. Го полнам со каша и го замрзнувам. Пред да и го дадам го држам под млаз вода колку за да попушти малце и приметив дека доста помага.
Бебе е 4+++. Минатата недела приметив бело мало топченце кај што би требало да дојде 3ка. Ептен е мало и површинско. Дали да очекувам следниов период да избие повеќе или ова што го гледам е моментот дека избило?
На 4 месеци тројка? Малку чудно, не е дека не е возможно, со забите никогаш не се знае, ама бело кај кецовите конкретно моево имаше од 4 месеци, а прв заб извади после 8. Тројки уште нема, 17 месеци е денес. Ако тропка на лажиче метално извадено е запчето инаку.
И давам јас исто банана од фрижидер во тие ,од обичен во замрзнувач ми е страв грлото да не ја фати...
Ми е страв метално лажиче да и турам во уста. Не дека кој знае што ќе се деси ама ете... И мене ми беше чудно, препроверував.. кај кецовите ништо ама едната долна тројка белко...
Пипни дали боцка.. за првите запчиња така не е јасно малку, после кога ќе избива одма ќе препознаваш. Мојов тројки вади моментално, душата ми ја извади да ти кажам
Јас го ставам под млаз вода колку да пушти да не е скроз замрзнато и иде како сорбет, така и' го давам...
Женски горе единици извади беба ама некако раздалечени и се има шанси да се спојат ? И дали е од прстето што го цуца ?
И кај нас прво запче на 7+... Знаете ли кајде се нарачуваат оние убави колачи во форма на запче со текст?
Здраво. Ние сме 14м и сеуште само со две запчиња, долните кецови(излегоа на 10м). Ме интересира дали има некој друг вака, ме загрижува што не растат и другите
Имам пробано дентинокс и фрезидерм вториот подобро се покажа. Но за навечер подобро од сирупче за болка нема. Колку толку да го смири во нјатешките денови
Афтичка може да е, исто си помислив и прашував во темава, 3 месеци имаше тогаш и се чудев како може тројка. Прво запче му излезе кога имаше 8 месеци, а тројка нема уште.
Па и мене тоа ми беше на мисла и баш сакав да ја види педијатар кога бевме на мерење ама се уби од вриштење, не можеше да се провери. Почна и со тегнење уши по малце ама можда е коинцидентно. Ќе ја носам за некој ден пак, се надевам ќе можат да ја видат убаво.
не е 3ка , така белко е кај речиси сите на тоа место. За 3ка е мн рано , а и прво 4ки излеваат па 3ки . Штом тегне ушиња види кај кецовите доле да не има надуенко и знаци за забче тоа ќе е
Какво сирупче му даваш? Или ги мачкаш непцата со сирупче? И овие гелови во фрижидер се чуваат? Имам читано баш за двата гела, дека најдобро им се имаат покажано на мајки.
Во фрижидер ги чувам, инаку Далерон сируп му давам тој е 11 кг скоро ама му давам околу 3.5 мл колку да може да спие навечер само.