Рано сака да почне да ме каса ова мое бебе. Се гледа белко, не е искочено целосно, сигурно ќе поминат две три недели ама започнало да искочува доле десната единица, а бебе за некој ден 4 месеци ќе прави.
Не тропка, исто само бело се гледа, и премногу е нервозна. Не ја препознавам. 24/7 да може нешто да има во уста да гризе.
дали е можно горните кецови да излезат да речеме 3 недели после долните? доле ѝ излегоа пред 2 ипол недели и еве од денес забележувам потечено горе, некако многу брзо ми дојде.
Малово 17 месеци има горе три забчиња кецовите и една двојка и доле само кецовите, сега приметив плачеше и горе од едната страна му расте петка, а двојка, тројка и четворки нема. Доле цели немца му се отечени ама абер нема за заб. Многу е нервозен посебно навечер цело време цица. Како идат по ред забиве кога растат, нормално ли е петка да расте, а другиве ги нема? И што да му мачкам од кој гел сте задоволни?
Еве слика отприлика како растат ама секое дете си е посебно За гел во петокот зборев со педијатар рече никаков ако ептен е нервозен и неможе да заспие бело вино капка да намачкаш
По некое си правило треба четворки, тројки па петки но секое детенце е различно. Исто и за гелчињата кај сите различно помагаат или не, на малата никаков гел не и помогна по препорака на педијатар давав парацетамол за болката.
Моево дете е 17 месеци и сите заби до сега се никнати, зборувам што во оваа временска граница "требало" да никнат, ама долу 2ка не никнува никако. Едната само, две 1ци и две 4ки. Дали има врска што сопругот откако му паднала млечна 2ка не му никнала нова? Дал е нешто генетски или ќе никне сепак? Ќе ги тагнам @Annath @Spidy
Честа е хиподонцијата на млечните двојки, мислам дека почеста е кај трајните заби. Не значи дека ако нема млечна двојка, ќе нема и трајна. И да не никне млечната, ништо страшно. До две и пол години ако не излезе, голема е веројатноста дека нема млечна двојка, а може и трајната да ја нема, исто како кај родителот од кого е наследено тоа. Во секој случај, не може ништо да се смени со дефицитот на забите, ама тоа се решава подоцна во текот на животот ако пречи на некаков начин, а почесто не пречи и не се забележува многу.
Моментално работам во ортодонтска ординација и од прва рака можам да ти кажам дека хиподонција на заби (да нема воопшто заб) е многу честа аномалија. Ако таткото ја имал, голема е веројатноста и детето да ја има. Но во секој случај нема што да се прави во врска со тоа. Над 18 години ако и трајниот го нема, се става имплант. За млечните не се прави ништо. На 3-4 години ќе го однесеш на ортодонт да се провери загризот и развојот на вилиците. Една утеха да ти кажам, знам за 2 случаи каде двојките доцнеле многу, и никнале над 2 години на крај после сите останати заби. Како и да е, моментално не се прави ништо.