Па прво се појави ко нешто темно ко дупче, па линија таква се направи и на крај искочи се на се за 3 дена
Да му се редат како бисерчиња и лесно. Мојава се лигави и чеша ама нема уште а како да и е подуенко малку непцето.
фалаа побрзо и кај вас Мојов ептен значи ко вода да течеше се лигавеше и извади значи почнал процесот сеа е прашање на време инаку извади заб точно на ден кога татко му извадил ко бебе, значи заби се ептен генетика видете по вас кога сте извадиле и тогаш чекајте
Здраво на сите. Голема мака имаме со синко двете четворки ги вади и со температура сме 4 дена, кога му давам сируп моментално му се симнува.И на лекар бевме грло нема, нормално диши, стомачен нема.Нормално ли е само од забите да крева толку температура?
Според доктори темп над 37,5 не е од заби. Има вирус меѓу децата, синко три дена имаше темп и ништо друго, грло минимално црвено, нос не тече не кашла.
На почеток со напрсток силиконски како четкичка што има, а сега имам една исто силиконска четка е и му ја давам и сам ја гриза некогаш не дозволува ама обично после секое јадење му давам да пие вода па со четчето колку успееме толку , битно е навика да створи.
јас тргнав во дм по силиконски напрсток за четкање, им беше потрошен и имаше 2 ко гумени четкички, една за чешкање на непца кога пробиваат заби, друга за четкање на заби кога ќе избијат. не користам паста сѐ уште, само ѝ ја давам четкичката прво сама да си ја стави во уста, па после јас ја земам и четкам.