И мене ми викаа ама на крај памет не ми е да ставам, ниту ставав на големата. Купи си некое гелче од аптека.
Јас имам ставено сега откако горе му се поду цело непче ептен беше жален, гелче уште понервозен го правеше незнам од која причинА Вино само на прст ставаш и мачкаш одма се смирувА не е ништо страшно има и гелчиња што сена база на алкохол
Мајки мојата ќеркичка 9++ има страшни болки од забчињата..само ја стега вилицата и со долните две запчиња си ја расече горната жлебинка и и тече крв моментално.Плус е настината со мрсоли и кашлица и пред 3 дена се одби самата од цице.Веќе една недела одам на работа во смени,но кога се враќав си цицаше.Наеднаш како со нож пресечено,последен пат цицаше кога бев втора смена пред да одам на работа и толку....три дена си плачам,имам чувство како нешто да ми фали,како да ми се откина дел од мене. Ноќе се будеше си презаспивсше со цице, сега не спие цели вечери.Ја нишкам но не задлабочува.Како да е гладна,а кашички многу малку јаде.Не си го препознавам детето..преку ноќ ми се смени.Беше весела смешка колку му се радуваше на бсткото. Сега 90% од денот само плаче кенка,често и се спие бидејќи ноќе не спие ич.Незнам по да давам ноќе кога се буди.Млеко не пие,само на доење беше.Извинете на долгиот пост,морав некаде да ја споделам болката,бидејќи дома не го знаат чувството кога бебе веќе не цица
Мајка мислам дека од самата болка што ја има дека си го расекла жлебето затоа и не е сакала да цица, кај нас се случи тоа само што на мојата и се појави афта на јазикот, две недели беше друго дете ниту сакаше да цица и постојано беше раздразнета, јас и ставав од гелот за заби на Фрејзидерм и за неколку дена и помина, пробај така да и олесниш. Се надевам ќе помине брзо.
Добро а колку ке трае ова вака? Имавме страшни грчеви до 4 ти месец и мислев нема ништо полошо од грчеви смс еве имало, забите! Не спие ќерка ми навечер се буди цело време вришти! И што сега вака секој ден во наредните месеци? Пробав гелови глодалки џабе бе и со грчеви ништо неможев да и погодам мака си видов
Некој да ми кажуваше дека така ќе реагирам на запче ќе му се смеев Абе скокав се дерев од радост кога го видов, па ај земав лажиче да тропне нели де хахахах. Душата моја има запче. Дојдете утре на колачи
Знам дека нема правила баш за запчиња, ама малку почнувам да се загрижувам. Ги извади долните кецови едно по друго, разлика од неколку дена. После некое време проби долното двојче, си мислев, нема правила, ќе пробие и другото. Денес веќе пробиени горните двојчиња, едното боцка, кај другото отворено непце, кај и да е ќе пробие и горните кецови на повидок. Само долното двојче уште фали, дури не е ни жлебинчето потечено, отворено, нема никаков знак дека ќе пробие. Секако морам на забар да го носам, ама ќе почекам малку подолго за слободен термин, па ако има некој вакво искуство, да ми каже, нормално ли е вака да касни некое запче?
И мене ме интересира истото. Со тоа што кај малата повеќе запчиња се искочени. Долните единици околу 7месеци и искочија, горните единици малку пред годинка. Горни двојчиња после 2 недели. Долната една двојка на 13ипол месеци. И сега откако направи 15месеци со размак неколку дена и пробија двете горни четворки. 15ипол месеци има, сите единици, 3 двојки и 2 четворки за сега. Долното двојче го нема на повидок. Свекрвами кажуваше золвата дека од млечните запчиња не и никнала една двојка, ама си викам дали било така, дали памти од пред годините Баш ме интересираат и други искуства..
Zdravo majki, dali belive tocki od levo se zabi ? Na prst ne gi osekjam bas da grepkaat, na casa nekogas tropka.
Конечно беба има забчеее. Минус 10 кила ме чинеше овој прв заб Конечно вчера како човек се наспав Се прерадував ептен Е сега колачиња од каде е прашањето Гледам @Iva Mitrevski и @Brpbrp последни сте ставиле сликички ако може да ми кажете од каде нарачавте. Да се едитирам @Mila_Skopje сум направила скрин од твоите колачиња забчиња ако може да ми кажеш и ти кој ги правеше Фала виии
Иако и второто запче ни излезе јас сум заборавила да ве почастам со колачињата Сама ги правев, не се којзнае колку лични ама нели да обележиме денот Повелете
Ох Делиција ми се омилени се од таму нарачувам ама како подалеку ми дојде за 5 колачиња си реков. Фала ти, немаат утка до сега супер се
@LucyLu а да ти го дадам рецептот за колачињата и да си направиш? Нема утка брзи се за правење, барем ја сама кога успеав со бебка да ги направам значи ептен брзо оди хахха