Уста се мие од раѓање, после секој подој со стерилна газичка намокрена со малку вода, а штом излезат забите, се почнува со четка и вода, после годинка и паста.
Јас почнав за моето од негови 9 ипол - 10 месеци да користам паста, ставам многу малку, колку зрно грашок. Користам Elmex, пишува на неа од 0 - 2 год дека се користи. Дали е погрешно што сум почнала пред годинка да користам паста?
Дали ви кревале тт од забите? Мојава минатата среда прими мрп, оваа среда и четврток качи тт и беше малаксана. Викендов си беше супер, ни тт ни малаксаност. Во петокот правевме кс, Ле и беа мирни -6. Во неделата кај друга докторка исто мирни 6. Сега пак качи тт 38,2 и стапалата ѝ се ладни. Малаксана е.,не јаде, само течности пие. Заби ѝ излават, се сомневам на тоа. Не знам од што друго би можело
Мајки ние сме 3++ нејќе да цица,плаче,почна да ми ја гриза брадавката и да си ја цица устата. Е сега пошто сме во скок не знам дали е од тоа или заби ќе се отечени и се скроз непцата а ништо не боцка. Можно ли е да се заби? Што да мачкам превентивно да видам дали ќе се смири?
Мојата гризе се и се лигави од 3 месеци, 6 ипол е сега, нема заб се уште. Јас ја мачкам уште од тогаш со Дентинокс гел, моментално ја смирува ама не знам дали и ги лади непцата или интересен и е вкусот
Земавме дентинокс гел ја намачкавме во секундата се смири,се нацица и заспа. А пискаше без престан саат време. Неколку дена не сака да цица ја трга главата а сега баш убаво си се најаде. Ќе видиме
На сета мака со не спиење и не јадење, и после долго време отечени непца., денес почувствував дека избива запче, грепка. Бргу им растат запчињата? за брзо ќе почне да се познава? Колачиња кога се спремаат?
Нека се нижат како бисери. За неколку недели поубаво почнува да се гледа забот, околу 1 месец треба за цел да изникне. Чим грепка и тропка на лажичка се смета за никнат и може колачиња да се спремаат А и поклон да си купи кој прв го видел забот
На прст се осеќа дали грепка и со метално лажиче се осеќа тропкањето. За предлог немам ни јас затоа уште ништо му немаме купено за забот
Ќе ве молам некоја со повеќе искуство, ова личи на заб или на циста? Некако ми е како од надворешната страна на вилицата, другите запчиња кога излегуваа некако од внатрешната прво се појавуваа. И ако е циста, од која причина се појавуваат и дали сами се повлекуваат, да ми кажете.
Мене ми се гледа како циста. И син ми имаше таква на тројките, сами се повлекоа. Ги имаше 2-3 месеци.
Мене ми личи на циста. Моето имаше уште пред првото запче и по некое време ја снема. Нормално било да се појавуваат кај бебиња и сами исчезнуваат. Нема зошто да се грижиш.
Moevo bebe ima dole 4ka ili 5ka ne znam sto e....grebe ubavo i se gleda a inace dole pokraj toj zab ima samo kecovi...kako be vaka 2 keca dupka i zab
Нас ни излезе запче на 4ти Март Ден претходно матичната ми рече абер нема и оп другиот ден гребна на лажиче
И на ќерка ми и никнаа 4ки пред 2ки доле, иако редот е единици-двојки-четворки-тројки-петки. Не е тоа никаков проблем.
Девојки, ќерка ми е 12 дена и е родена со отечени непца, буквално како да ќе и излезат првите запчиња. Кажав на доктор, се зачуди, вели ќе почекаме да видиме. Дали некоја мајка се соочила со нешто слично?
Се случува деца да се родат со заби, или да им никнат први заби многу рано. Ретко е, ама не е невозможно.