Ќерка ми е 5 години се пожали на болка на заб и погледнав над горната четворка има мало топче.Најверојатно е циста.Што да преземам? Дали е опасно?
Бебе 4.5 месеци. Кои се први симптоми за забчиња? Ме полуде деновиве. Раздразнета е многу. Нема ред за дневни дремки. Имам мундисал гелче. Дали да мачкам?
Раздразнетост, тегнење на уши, вртење глава лево десно, нервозно гризење на глодалки или се што ќе им падне под рака, зголемено лигавење, отечени непца, будење со плач навечер. Ова се најчестите симптоми. Мачкај гелче зијан нема, ќе забележиш дали ќе се смири. Ако делува, значи заби чекајте Со лесно
Можно ли е 3ки да ни искачаат пред 4ки? Има два кеца горе два доле и две двојки горе. Моментално и се отечени двојките доле и тројките горе а беба е 9 месеци
Фала многу мами, се ова има госпожа од симптоми. Особено вртење глава лево десно кога ќе ја легнам во креветче. Тегне ушиња често. Ќр почнам баш од утре. Денес сакав прво со бело вино да ја намачкам ама утре почнувам со гелот. Фала мајка ❤️
И моето ги има истите знаци веќе скоро еден месец и никако да истера запче. Мислам ушите ќе си ги откорне еден ден.
Симптомиве, ќерка ми, ми се чини 3 месеци ги има, абер нема од запче, а во вторник 7 мес прави. Ја мачкам со Дентинокс од тогаш и се смируваат симптомите. Така да мама може и да не избие во брзо време. Едит: минус плачењето навечер
Кога се прават колачиња? Беба денес ја пипнав осетив дека нешто боцка ама не даде да ја видам, и прееска видов има малце боцка ама не е пробиено за да се познава дека е забче.
Кај нас многу малку се познава, на допир се осеќа а вака кога ќе отвори уста не се гледа. Ќе си почекаме уште малку изгледа за колачиња.
По овој рецепт правев и навистина убави испаднаа...ги декорирав со фондант може да си купиш во маркет се продава во кутија. А калап најдов во продавница кај што продаваат пластики такви работи Гледав и на али имаше калапчиња.
На стоматолог. Забот треба да се лекува, а ако инфекцијата е голема може ќе и дадат и антибиотик. Сами дома што и да направите нема да го реши проблемот. Се повеќе деца вадат заби по некој редослед што не е како по книга. Не би требало, ама не е ни страшно ни проблем се додека забите никнуваат на своето место.
Лесно е да ,во прав е тој јас што го зедов пишува со колку лажици вода да го раствориш и како тесто се прави,стварно е супер
Мајки мои здраво. Бебе 8 месеци, од синоќа накај 00ч прв пат качи темература 38,2 дадов далерон,после 7 саата пак качи 38.5 и му дадов неофен, и се така на 5-6 саата ја качуваше тем.односно кога ке поминеше дејството на сирупчето.Последниот пат во 19ч имаше 38.9 Цица редовно како и секогаш, Кашички си јаде за доручек и ручек. Нема ништо друго симптом за настинка или да е болен. Носето знае од време навреме да се растече како водичка и повеќе кога ке почне да плаче. Го однесов сега на итната, другар наш доктор беше таму на смена му провери грлото, рече добро е, исто го слушна рече чист е и на градите, рече најверојатно се запчињата зошто нема уште ни едно. Е сега он е раздразлив овие денови, се става во уста, а од устата лигави како чешма да тече. А непцето не му е отечено, и нема знаци на нив дека ке му излегува запче. Освен за запче или некое вирусче друго незнам од што може да качува тем. Можно ли е да нема отечени непца, а сепак да излегува запчето и плус дали може таа тем. со тие бројки да биде знак за запче. Големиот ги вадеше само со нервоза и мрсулчиња без температура. Нон стоп ли вака за секое запче ќе покачува температура ?
Мајка немој да се секираш посебно ако доктор ти рекол дека е добро бебче. Моево на 5 месеци извади 2 запчиња, 2 дена имаше температура 38,5. На преглед се во ред. Внукот за првите 2 беше исто со температура, после извади 4 наеднаш без да го приметат. Сигурно е од запчиња
Do 40 odese na klinika lezevme 3 dena od sto ne fati strav od temp. Toa e virus sto vlegol radi padnat imunitet od vadenje zabi...gledaj da prima mnogu tecnosti, nonstop na cicka ili voda/elektroliti, za temp sirup/cepce i vitamini ili ako jade ovosje poveke...jas primetiv na mojata sirup vo bolnica i davaa blokmax 3 ml,a na upatstvoto stoi 2.5 za nea. I za cepot eferalgan mi rekoa malku bil od 150,a taa 10 kg ima