На 4 ипол месеци долните единици ги извади моето така што не мора да значи дека е рано. Мачкај гелче олесни му на бебе, зошто кога има начин да се помогне да се мачи Јас мачкав на Фризидерм гелче.
Мајки нешто ми гребе доле кецот од лева страна и има како линиичка ептеееен малку. Нема што друго да е заб е Него што треба сега оваа мајка да напраи освен тие колачиња забчиња или како и да се викаат.
Што ти е кејф тоа мајка. Забче ќе да е, штом зирка. Јас колачиња направив дека ќејф ми беше а моите дома ми се чудеа за новава мода со забче колаче
Ич не почитувам адети, ама па вакви работи се кажуваат порано Срам да ви е Свеки прва ги виде, ама поминаа 4 месеци од тогаш, може сега да и кажам дека треба да купи нешто?
Искуство со шкрипење со запчињата? Има два кеца горе и два долу, навечер пред заспивање обавезно шкрипи и така заспива. Ретко преку ден го прави тоа. И паста за заби од кога употребувате и каква?
Исто. 2 горе, 2 доле и по цел ден си шкрипи. Пред спиење, после спиење, на јадење Мислам дека им е чудно сега, нешто ново и затоа така си прават
Го прашав мобот стоматолог ми рече повремено со хидрохен 3% со парче вата да ги поминувам забчињата т.е ако има наслаги на нив.
Мојава кога шкрипеше со забите, исто по две имаше горе и долу го прашав педијатарот и ми рече сосема нормално е , ново нешто им е и шкрипат . Со тек на време престана да прави тоа. За паста не планирам да користам до 2 год. Можеби грешам , ама ми е претерано од први запчиња да форсирам миење на заби.
Фала ви на искуствата мајки @BezglasnaBukva @brm_brm @Cherry79 За миењето ништо не сакам да форсирам, само полека да стекнува навика за одржување на орална хигиена. Сепак пие млеко, јаде цврста храна. Добро би било да потраат подолго млечните запчиња. И јас мислев дека паста се користи после 2 години, ама видов дека има пасти за заби 0+ или 6м+ без шеќер и без флуор, само не знам колку се препорачливи оти сепак не знае да исплакни уста туку би ја голтало. Да се редат бели и здрави како бисерчиња. ❤️ Преубави се колачите, за именцето веќе ти имам кажано.