Јас да се умешам. Праќаат по карго ама претходната недела ми рекоа прв слободен термин за изработка 20.04. До тогаш ќе извади уште две забчиња
Преубави се, а исто така и превкусни. Јас побарав друг дизајн што го немаше изработувано и задоволна сум. И јас ги чекав од 1 до 9 март ама па не ми беше битно кога ќе стигнат.
Јас пак да се умешам, пишав и на Cookie Time, Royal Home Cookies, немаа термин 2 месеци, плус чинеа 120 денари колаче, а Слаткологија 2 пати ме игнорираа.
Хм. А мене ми рекоа не праќале по карго сама да си ги подигнам од толку до толку часот сабајле или вечерта исто од толку до толку имаше одредено термин.
Друшки ај хелп тие што имавте слични проблеми пред заби вадење: вчера една пелена полна со потечна столица покрај нормалната, денес после 4часа од утринакиот оброк поврати, сега во 4 саатот при јадење на ручекот исто. Беба е весела, носе добро, не кива, не кашла немаме симптоми на настинка или некое стомачно вирусче па затоа го препишувам на запчињата а сеуште немаме ниедно инаку сме 8+
Имавме сличен проблем едното бебе десет дена преку еден ден повраќаше ( онака од чиста Мира) ништо не му беше, па месец дена одбиваше храна само по 2-3 лажички јадеше и на 9+ му никнаа две забчиња, многу мачно и лошо искуство, на никој не посакувам. Сега сме 10 м другото бебе сеуште нема ни едно запче се надевам без мака ќе помине
Добро што е со цениве за путер колачињата во 2021г за поголемото беа по 50 денари сега 120 денари. Сфаќам дека е се поскапено ама ова е веќе многу.
Јас си земав калапче и со поголемата дома сами си правевме. Ем нас занимација, ем поефтино пројдовме.
Супер , на изглед се гледа дека убаво ги прават баш викав дали се вкусни ама чим ги пофали мило ми е што ги избрав .
Дааа, штом јас ги јадев а од благо само Милка и киндер јадам значи се убави башка за изглед порачав калап што немаат на слики и оригинално ми го направија. Е сега само што мораше од кај нив да ги земеме ни рекоа не праќале по карго па го прошетав мм
Не е можно, со 4 педијатри зборев за ова и сите викаат дека не е точно и не постои такво нешто… и јас бев збунета ама ете, им верувам кога веќе едногласни беа.
Извади второ запче плачлива е и крена некоја слаба температура 37.7. Па што знам друго нема ништо симптом за настинка да речеш... затоа прашав.