И ние вадиме 3ки... Ми крена тт во понеделникот и еве уште крева до кај 37,9 максимум 38,2... најчесто е со 37,5 и тоа само приквечер. Ја приметив дека кака почесто и помека столица од обично. Колку време ќе се мачи со тт, дали некоја мајка има искуство? Тројкиве ќе ги запамтиме убаво
Ај некој совет или утеха касно му никна прво запче на 1год и 7 месеци, има само еден кец и тој расте криво, за жал цуца уште лажливка цуцла (ќе ја тргнеме под хитно), прашањето ми е дека е млечен па имам надеж дека следниот добро ќе му порасне, некој слично искуство?
Ако се искривил од цуцлата, со самото прекинување со неа ќе се корегира барем делумно, и останатите заби би требало нормално да никнат. Ако генетски има лоша поставеност на правецот на забот уште при создавање во коска, може да има искривување и на другите заби. Во секој случај освен да фрлите цуцла нема ништо друго што може да се направи за исправање на заби на оваа возраст. На 3-4 год може да се консултирате со ортодонт ако има потреба. Цуцлите колку што се добри за смирување на бебиња, толку се лоши за развојот на забите и вилиците, без разлика каква цуцла е во прашање (да не се лажете со тие ортодонтски/ортопедски/анатомски цуцли). Со никнување на забите треба да се исфрлат од употреба или најминимално да се користат (пример само за заспивање, а не по цела ноќ или цел ден).
Дали е можно на неполни 4 месеци да му никнуваат запчиња? Многу нервозен е, кемкав, се пика во уста, се лигави, гризи многу нервозно и рачињата скоро стално му се во уста.
Здраво На мојов прво му излегоа доле кецовите па горе кец и двојка па после другиот кец Е сега и горе и доле има по една четворка (ако е четворка неможам убаво да видам) Нормално е вака да растат?
Мајки бебе има 6++ и доби запче осетив како грепка, веќе 1 недела а денес незнам дали е од тоа или што му бидна плаче цел ден само кенка сега едвај заспа и во сонот кенка само и се нервира, и наеднаш како да го фаќа болка , дали е од тоа или можда друго
Има ли шанси на неполни 4 месеци за забче ? Многу се лигави , пика све во уста , нервозен е , кенкав , од шишето си ги чеша непцата од страна
Најубаво можеш да видиш на непцата дали се отечени. Запче кога излага набабрува местото, кај моето на 2 места се набабрени. Пиши на нет baby gums while teething и ќе видиш слики како изгледа никнување на заб Кај првото од 2 месеци како фати да се лигави извади заб дури на 1 година т.е. тогаш проби. Со бутање се во уста така го сознаваат светот не мора да значи дека растат заби.
Кај мене се лигавеше од 3 ипол и тоа лиги до земја мм што викаше, на контрола кога бевме на 4 месеци матичната рече почнат е процесот ама не значи дека сега ке излезат, па дури на 1ви март сега извади заб, на 11 ке прави 7месеци. На другарка на 4 месеци малото извади заб ни нервоза ни лигавење, а бе ништо. Случајно му го примети
На 4 месеци мојава женска извади две, долу после на 7 горе 4 од еднаш, еве ја сега 9 месеци сме катниците ги извади и двојките наеднаш вади по три ,со катниците мака видовме еве и сега има навечер повеќе него денски ја боли