Гелче само некое и трпение Да прашам јас, детево мое е без ред со забиве Извади долу кецови на 11м и сега на скоро 14м извади двојки долу, горе нема ниедно забче, ама ништо страшно не е така?
Здраво мајки, ај кажете ми страни од каде нарачавте запчиња колачиња? За првото ќере од таму што нарачав не работела веќе жената. Воедно и да се пофалам, има запче малата лепотица моја
https://www.instagram.com/sweetland.mk?igsh=MTY2cmM5MTA1Y2sxbQ== Сега ми излезе ова Да се редат како бисерчиња
Eve gi nasite, epten ubavi pravat prakaat i po kargo na fb se слатко колаче. Da se redat beli kako bisercinja
Исти сме... Тешко ја успиваме, во сон се буди и врескааа,не можеме да ја смириме, порано бар ке почнеше да кенка во сон ама со цуцла одма продолжува да спие а сега вришти до зајдување. Педијатар на преглед пред 2 недели (точно 4 месеци имаше) ми кажа дека ќе и никнуваат заби, дека ќе има промени во расположение, нема да може да спие, нема да сака да цица и баш таква е. Со цицање веќе престануваме речиси скроз, се измолзувам ама ми намали млекото, 200мл можеби за цел ден макс да измолзам и тоа преку ден едвај по 30, навечер само по 90-120вадам на едно измолзување и толку. Рацете ги изеде, палецот и показалецот си ги мести точно пред предните заби и глода, лиги течат на сите страни. Кога пипам со прст се осеќа остро на горната вилица, доле помалце. Не знам како да и помогнам каков гел користите вие? Помага ли?
Cim se custvuva nesto ostro mnogu brzo ke izlezat, sin mi izvadi prvi zapcinja na okolu tripol meseci a kerka mi gi izvadi pred da napolni sest meseci i na dvajcata mu staviv kilibralni gerdancinja ne znam dali toa pomagase no epten golemi maki so zabite nemavme i so kerka mi zasega e dobro...
Нормално е болката да им е поголема навечер, како што навечер креваме повеќе тт кога сме болни и затоа изгледа така прават, тешко заспиваат, кенкаат, се будат. Мојава намали некој саат на заспивање, по цели ноќи се мачеше, заспиваше 6 7 сабајле, сеа до кај 1ипол заспива што за мене е успех, не се мачи толку саати. Инаку иста е, со јазичето цеел ден се допира доле кај непцето, го турка јазичето надвор, не дава да ја допреш таму. Мене ми зема прст и шмука без прст ќе ме остави па ја научив со Софи глодалката и си ја глода. И ставам frezyderm гелче, ама почесто во денот. Во тие моменти посмирена е ама не трае дејството коојзнае колку, така, некое време. Јас ја дојам и да ти кажам премн ме бара мене, не ми дава да мрднам. Или да е во раце, стандард заспива на града ако тргнам вика плаче. Периодов ептен зависна од мене е. До пред една недела буквално спиеше на моја рака и ако ја оставев на спална, драма, сега се потсмири, дозволува да спие сама ама мора да ме гледа да знае дека сум и во близина. И мн често бара да цица, ме болат и гради. До сеа шише и немам давано, не сум имала потреба. Ја осеќам некако тешко ги вади забчињава, гледам напредок, грепка, има бело ама се изнамачи детево пробајте со гелчево и многу близина со тебе за да го надмине полесно периодов.
Ние се тегневме со цицање од почеток и со четвртиот скок почна да одбива, плачеше, се виткаше кога ќе почнам да ја местам за цицање а не па да фати града. Се оправи после скокот малце и сега со забиве пак на исто сме Ќе пробам со гелот, ти благодарам
Мајка мојава да видиш што прави, може некоја и ќе се откажеше од доење ама јас нема шанса да се откажам. Планирам до 6ти месец ексклузивно да ја дојам после почнуваме со вкусови ама пак продолжувам со доење. Сè ја интересира од страна, ме мава со нозе, се тегне, пупка ми влече ми тегне, мене ме боли, па ме стиска со раче по градиве, лудница ни е цицањево ама сега е во таа фаза сè ја интересира, сака да разгледува па на тоа го препишувам бесново цицање. Биди упорна, не се откажувај, понатака уште побесни ќе бидат со цицањето и во разни пози ќе цицаат, на крај смешно ќе ни биде
За 4 месеци 10 пати од не доење се враќавме на доење, не се откажував. Бесно цицање ко што викаш сепак е цицање, мојава не цица. Не фаќа воопшто, штом види града вришти, се витка мислиш кичма ке прекрши. И гладна и полунајадена сме пробале, кога е наспана и не е нервозна, со игра и смеење ја занимавам па на града ама нејќе
Тогаш такво си е бебето, не е до тебе, и на другарка малата града да не види а од шише за 5 сек сè ќе си испиеше. Тогаш ако успеваш со измолзено, така терај си. И ова па на моево не му чини па до толку, плаче утеха градиве, скок градиве, гладна, заспивање сè на града. Знае и како цуцла да ме користи П.С пробајте кога има проблем со запчињата да и пуштате дожд и грмотевици. Последнава недела така ја успивам, не мисли толку на болката. Од јутуб во живо едно видео и пуштам и се смирува.