Некој бебуш со 9 месеци сеуште без запче? Веќе неколку месеци мислиме дека секој момент ќе излезат ама сеуште ништо. Вчера одбиваше да руча, сакаше млеко само, навечер плаче во спиење (дали регресија, дали заби) и така. Се надеваме ќе нарачуваме колачиња наскоро.
10 месеци и 10 дена, сè уште насмевка без запчиња. И ние веќе некое време мислиме ама мислам дека кај и да е ќе нарачуваме колачиња конечно. Некако долу местото и стои како набарено, па чекаме и до тогаш лошо расположение ќе препишуваме на teething.
Бебето за некој ден прави 8 месеци, а пред Велигден уште значи скоро 2 недели има, го приметив како грепка запче на долното непце. Сепак, за скоро 2 недели не излезе речиси ич, а јас уште купив и модла за колачиња хаха. За колку време расте запче после никнување?
Да да, 100% е запче. Ама ќе си почекаме уште малку очигледно Од Технополис, само малечка е, ама ќе заврши работа, 120 ден.
11++ сме, не сум сигурна дека има, никако не дава да проверам. Ама да прашам - можно е долу и горе двата кецови наеднаш? Така ми изгледа работава. И мислам дека веќе две недели немаме спиено. Само се буди навечер. Дали е до тоа, дали до друго, не знам веќе.
По цел месец изглегува кај мојот од кога ќе почне да гребе, многу бавно ги вади. И кај моето прво долни два кеца заедно излегоа, па веднаш горните два почнаа да гребат.
После колку време излезе целосно прв заб, гребат долу и двете единици, малку ептен пораснати? Кога да нарачам колачиња хаха
Бебе има 7 месеци пред нецела недела никна запче. Дури никна запчето спиењето навечер му се изремете, сега сака само во раце да спие навечер, денски засега спие во креветче. Да напоменам дека претходно спиеше и навечер в креветче се будеше еднаш до два пати за цицање и одма презаспиваше. Дали ова со спиењето му е заради запчето, дали му никни друго запче затоа што продолжи да спие во раце? Се плашам дека се навикна да е во раце
Две недели пред роденден го имаме првото запче. И другите три кеца се спремаат, ќе продолжи забавата. Повеќе од недела дена спиењето навечер е многу лошо. Останува само да се надевам дека ќе се стабилизира постепено. Ете и членката горе исто пишала. Ајде само да помине.
Здраво мамички, мојата малечка има 4 месеци и 1 недела, па еве веќе црла недела е нервозна, не сака да пие млеко, ја гризе цуцлата од шишето, почна навечер да станува повеќе пати, рацете и се нпн стош во уста, а и вчера вечерта имаше и проливче, па немам искуство со вадење на забчина па сали може да вади бодејќи гледам на долната вилица и се обележани местата
На 5 месеци и 3 дена излегоа 3 запчиња наеднаш. Еве сега на 5.5м на пат е и 4то. Ги има долу единиците, горе двојка, и сега излегува горе единица. Лигавење и процес почнат уште од 3 месеци старост.
Една недела пред да направи 6 месеци синко, го имаме првото запче. Цело време бев во исчекување за долните кецови, но горната лева двојка никна прва. Освен намален апетит, за којшто го препишував 5тиот скок, немаше никакви други маки. Се надевам дека лесно ќе помине и за другите запчиња.