Здраво мајки изгледа на ќерка ми 7+ и никнуваат првите запчиња, запче, не знам не можам да видам, уста не отвора, и да и ја отворам некако се крие, но од вчера нагла промена во расположение, од весело бебе стана тажно, замислено некако... па ме интересира што користите како помош, гелчиња ефикасни или не знам... глодалките не ги сака освен Софи, а се друго гриза, влажни, раце, врвцата од цуцлата, лигарчето, лажичката за хранење ми ја брка, од 3м се лигави, млеко пола пие, пола не... јаде ...
Од кога му излезе запче, имам напрсток четка за миење а и он си има негова од дм четка за бебиња и прво јас му мијам и после му ја давам неговата демек и он мие заби заедно со мене, паста од лакалут имаме 0-2години што е
Здраво мајки Синко е 8+ и ги има извадено двата кеца и една двојка доле и едниот кец горе. Е сега другиот кец горе го мачи веќе 5 дена, непцето му е модро дали е нормално тоа? Не знам си мислам да не се удрил со нешто бидејки се во уста става. Ви се има ли случено ова
Нормално е, еруптивен хематом се вика. Не е од удар. Кога ќе пробие забот, ќе го снема. Нека гризе ако сака, давај му мокри фротирски крпчиња изладени во фрижидер да ги гризе, ќе му биде подобро.
Мајки дали е можно при излегување на првото запче да има дијареја,бевме и кај матичниот и на болница кај педијатар ни рече дека е во ред крвната слика не е вирус,нема температура не повраќа не е дехидрирана за 1 недела ќе правиме 6 месеци.Не знам веќе што да правам веќе 3 дена има течна столица 4 во денот секако има не се обилни,се плашам не знам веќе каде да ја однесам на доктор,весела е на моменти е плачлива 5 скок сме некако се ни се собра не знам,не знаат никој од докторите што да ми кажат ќе помини демек ама не поминува еден педијатар ми рече оризова вода и морков,банана.Ние сега почнавме со вкусови морков тиква јаболко банана и круша има пробано по препорака на педијатар пред 2 недели ни рече да почниме и стварно не знам веќе од што можи да е Извинете за долгиот пост секој совет ми е добредојден од вас
Да. Можно е од забите да и е, може да е од храната нова што ја внесува, се учи мешето. Пробиотик даваш?
Ништо страшно не се 4 столици кои не се обилни. Не давај круша, давај компир, морков, ориз и ќе пројде. Не носи по болници бебе што јаде, не е малаксано, нема температура, не кашла. Ќе закачите нешто друго по пат.
Мајки од отечени воспалени непца до запче на видик колку време има или е индивидуално? пресмешна сум секој ден 2месеци веќе му ѕиркам да не го пропуштам па мм почна да ме зеза аахаааа види запчееее излеглооо
Од 2ипол месеци почнат процес, излегоа дури на точно 5месеци. И тоа во рок од 20дена излегоа 6 заби. Горе 4 и долу 2. Инаку индивидуално е кај секое дете
Имаме прво запче, нема промена на расположение воопшто, весело дете, се смее, си игра со нас и сама, во спиење исто така немаме промена ни преку ден ниту навечер ама цела недела буквално од дента кога видов дека има дупче во непцето она не јаде. Млеко по 60мл дали ќе ги испие или не, после се со сила и е по цел саат голтни плукни шише. Кашички јадеше по 100гр и повеќе, сега нема шанси, стиска уста не отвара. Ако успеам да и бутнам лажичка некако да лизне па ако и е убава може да изеде малце. Се на се дали 300мл млеко пие, вода може макс 50мл и кашички 2 или 3 пати, да кажеме 200грама се на се, 7ипол месеци има. Столица 2-3 пати на ден, не знам што има да исфрли Дали има некој сируп за имунитет, за апетит, било што да можам да превземам? Мислам утре и на педијатар да ја носам. Ваква е веќе 8 дена.
Штом боцка едното во процес е и другото запче. Обично растат во пар. Нормално е да одбива храна, си има мака со непцата. Пробај разладена кашичка или парчиња соодветно исечени и спремени да понудиш. Плус на жешково и на нас ни е намален апетитот исто и на нив. Мислам дека нема зошто да се паничиш. И сама викаш дете си е расположено, полни пелени, а тоа е најважно. Една недела е ситуацијава, различни фази различно афектираат.
Изладена кашичка јаде најчесто, парчиња не сум понудила сеуште, јадеме само блендирано. Едново веќе е излезено, не е целосно ама се гледа. До пред недела дена си јадеше многу убаво, ни топло и сметаше, ниту промена на место (патувавме), ама сега драстично помалку јаде. За 7ипол месеци 300мл течност( млеко/ вода) и 3 помали кашички мислам дека е многу малку
Моево е исто така моментално. Во процес на вадење 3ки горе е. Не се пробиени уште, па еве веќе 4дена е со под намален апетит и раздразнетост до бескрај. А има скоро 7 месеци. Пробај давај му замрзната изблендирано каша во овие силиконските. Така ем ќе се лади непцето, ем ке стави нешто плус.