Големата по 2 месеца пред никнување на заб се лигавеше и имаше мрсули. Малиов кога како, ама со горните единици вака како што опишуваш беше. Мој совет, еднаш дај пола доза парацетамол и ќе видиш. Ако се му пројде, заби се. Му олеснува болката и одма цел ден ќе биде како ново бебе. А заби може да не гребат на допир ама пак да се тука пред никнување, во смисла може да никнат во наредните денови до недели.
Проверено дете и испитано. Па и дома дете што седи плус, дека секое запче со тем е вирус… На три различни места и се направени , сите испитувања. Не е секогаш 2+2=4.
Majki dali moze od vadenje zapcinja da izleze kako alergija ..vcera malku se nafrla samo na ednoto ramo po celoto telo nema..fala vi
Денеска ни проби првотоо запче Мајка го виде ќе му купи нешто златно за моето бебушче мало слатко. Сега да се бираат медењачиња
Малиот на четири месеци првите запчиња ги извади , а до 6 месеци веќе 6 нареди и еве на 8 месеци веќе му се пораснати и полно усте со запчиња. Иначе ги извади без температура фала му на Бога, но често се будеше и спиеше само во раце , премногу лигавење и џвакање на се што ќе стигни , тоа и му остана гризи се до што ќе се добери
Која паста е најдобра? @Spidy @DaisyDream мислам вие бевте стоматолози ако не грешам Земав на нук ама нешто во состав gluc... викам па ако е со шеќери која е поентата? Важно е без таа лошата состојка на Ф хахах И дали треба некако со вода да измијам одпосле? Не ми е при рака да сликам Еве ја https://www.nuk.co.uk/nuk-oral-care-set-29.html
На сајтов не го гледам целиот состав, ама пишува без шекер и без флуор,за прва паста си е океј. Јас лично без паста миев заби на ќерката повеќе од година пред да и земам паста. Ако правилно се четкаат забите, не ти ни треба паста за бебе. Ако одбива четкање, тогаш добро е некој вкус да има чисто да му се види интересно чистењето па повеќе да соработува. Кога ќе научи да плука, ќе земеш паста со флуор. За шекери не се замарај, нема шекер додавано во ниедна паста, обично е сорбитол, како во мастиките за џвакање, само за блажина.
Јас пробав со паста ама не ги сакаше ни Elmex ни Lacalut па така на суво четкаме. Како што ти пишала Спиди и не ти треба за почеток.
Некој да сподели искуство ако има со воспалени непца кај бебе? Не мислам на подуени пред заб да избие, него баш класично горе кај што веќе се пораснати 1 и 2ки се жар црвени непцата, сабајле и крв и потече, а само се допре со четката за заби што вообичаено си ја користи. До пред два дена имаше тт. Бебе е 1 година немала ваква мака ни при вадење заби.
Od toa sto bila bolna i e, verojatno ima gingivit. Jade pie li? Ako mislis mnogu deka ja bolat moze paracetamol da i dades, inace nezno so cetkickata cetkajte gi, ako krvarat mnogu i ja boli so gaza namotaj so prst i samo so voda, ili so fizioloski rastvor natopi ja i prebrisi gi nepcata i zabite nezno. Ako ne se smiri za nekolku dena i zabelezis neprijaten miris od ustata i gnoj, odi na stomatolog
Фала ти за советите. Дефинитивно промената со вирусот и тт ја поврзувам, тогаш ја забележав. Намалениот апетит на тоа го препишав, во градинка викаат дека јаде, дома послабо, врти глава. Мислам дека ја болат ако џвака, вчера од мека играчка што стави во уста и се раскрварија непцата. Не дава да ја допрам до уста. Имам физиолошки дома ќе пробам сепак. Ако не на детски стоматолог ќе ја носам да ја видат.
Горни двојки нели подоцна беше,околу 8.9 месец? Ќерче има,белко,грепка,таму кај двојките горе,така чудно ми стана да излегнат пред единиците горе,изгледа нема правило. Инаку единици долу има. 7 месеци е