100 табели имам гледано за редослед на првите заби и никогаш не сум сретнала дека 4ки треба толку рано да излезат. И не сфаќам, каква врска има аутизам со заби? Спојлер
Моите по сите табели што ги имам гледано не одговараат. Големата долните кецови ги извади на 5 и пол месеци, малата сега на 4 и пол. Големата на неполни пет години ги смени долните кецови и пораснаа нови што вообичаено растат на 6 год. На 5 години еве ја вади последната 6 ка. Мислам дека секоја индивидуа си е сама за себе а растење заби се пак најмал показател за аутизам…
И јас прв пат слушам дека имаат врска заби и аутизам мојава има извадено горни единици и двојки, доле исто, четворки ниедна..
Аууу уште со заби не поврзале аутизам до сега. Ќерката на 11 мес имаше само долни единици, четворките може на 2 години и пораснаа, петките на 2 ипол. 3 ипол години е, збори од година ипол, нема аутизам . Синко сега на 7 ипол мес има 6 заба му пробиваат момемтално седмиот и осмиот. Муабетот ми е две деца од исти родители не им растат исто заби, а не па да споредуваме деца за заби .
Први горни 4ки идат па долни обично, после 13-14 месеци, иако почесто се покасно, а ретко порано. И јас мислев синко вади 4ки од минатиот месец веќе, кога наполни годинка, ама абер нема. А на забар ми беше едно малечко, помало од мојов, значи сега годинка полни, и модри џигер беа гингивите кај сите 4ки, значи ќе никнат. Синко како тешко ги извади овие секачиве, се спремам психички за катнициве
Ја немам многу читано темава, но решив овде да прашам. Дали сте имале искуство некое млечно запче кај децата да не порасни? Малиот ќе прави 5 год, воопшто ја нема десната 2ка горе, а во последно гледам 3ката како да се пододдели од 1цата и се направи многу мал простор. Се надевам дека кога ќе треба да се сменат трајни ќе се појави трајната 2ка ама не сум имала ваков случај досега, чудно ми е да порасни траен а да немало млечен....Или пак млечен да не порасни....Го гледаше докторка која што рече дека можи да е и наследно (а кај нас не е ), и рече може со панорамска слика да се увиди дали има заб тука, но ми рече нема потреба да го трауматиризам детето.
Ако фали млечна двојка, статистички гледано 99% ќе ја нема и трајната. Честа аномалија е, и генетска е. Ама може првпат сега да се појавува кај детето, да ја нема кај родителите. Се решава со протеза да се држи просторот за траен заб и над 18год се става имплант. На 5 год веќе може да го снимате да се потврди, ама нема што да се преземе баш сега, така да нема голема потреба од снимка во овој момент. Кога ќе никнат првите трајни заби, посетете ортодонт и ќе ве упати за понатаму.
Мене второто без ред, многу касно вадеше заби. На 11м првото и излезе и до 13м беше само со тоа едно запче. Извади кецови до кај 16м и после фати 4ки да вади... двојки АШ, излегоа ама незнам кога Чудесии беше. Ова прв пат од тебе читам...
Koga mozat da go vidat zabot i drugite, a ne samo ti Za celo mislam dosta vreme ke cekas, bar pola da e, da lici na zapce, i moze da naracas kolacinja
Моето уште нема ниедно. Лигави сигурно 3 месеца, нервозен е многу, се бута во уста, ама никако да никне. 7 полни има.
Мајки после колку време запчето никнува убаво откако ќе пробие? Веќе е пробиено и се гледа белата линија и запците. За колку време ќе никне убаво ?
Дали е возможно на 9.5 месеци да излегуваат горните тројки со двојките истовремено ? Набабрени се ужано многу не дозволува да припариш до уста да ги видиме. Долната двојка ја има од пред пола месец, ама ова со тројкава ме буни. Не е некако рано? Он до сега има горни и долни кецови и долна двојка. Од завчера детево е 365 сменето. Мислев дека е настинат, носот му е како вода, кива и само така фрла мрсули воденикави проѕирни, кашла, температура до 37.5 дигна. Правам инхалација, чистам со носко не излегува ништо.. во спиење плаче, сака само да ме гушка и да пика се што може во уста помеко и да гризе. И случајно му ги видов забите и се запрепастив. И сега не знам на што да препишам вакво однесување. Настинка ли, заби ли? Не знам како да му помогнам, осанит, мундисал, вино се мачкаме и правиме нема од ништо олеснување. Вчера дури му дадов и парацетамол да му смири болка да заспие некој саат.
Тројки на 9 месеца нема шанси. После 2ки идат 4ки, па после 4ките никнуваат тројки. Така да тоа што гледаш е само од двојките. Ако од парацетамолот се смирил, значи тоа е, забите го мачат. Има деца што могу тешко вадат заби, мора да се помине тоа вака или така...
Бебе 6+++ долни кецови има, веќе месец дена како пробија. Освен будење ноќе и плачење и кенкање, немаше поголема мака. Сега има темп што иде до кај 38.4. Чекам рез од крв и урина, но ме интересира дали сте иначе сл искуство со горни кецови со темп? Темп е од вчера, а денеска малку водени мрсули има, откако плачеше кога му земаа крв. Нема ништо на спуштено, бевме на педијатар. И нема затнато носе или кашлање. Вака опширно раскажувам зошто мислам дека е од забите. Или урината ако покаже нешто.
Не е од забите, вирус некој најверојатно, можи нема да покажи на крвна слика пошо од вчера е температурата. Како и да е следи го консултирај се за витамин Ц капки, јас сум давала на големиот ко беше бебе.
Само што излегоа рез и со педијатар се консултирав. Рече настинка. Крвна слика си е ок. Парацетамол на 4 часа ако качува и тоа е.