Мамички пред 1 недела бебо со водлести мрсулчиња кои течеа како чешма исфрлано под муце и на десен образ однесено на педијатар немаше ништо рекоа може да е од заби. За 3дена мрсулчињата ги снема бевме нервозни кенкави овие два дена. Денес пред прва дремка мачкав со крема за заби после прва дремка приметив како помодрено мевцето кај левиот кец и јазичето надвор внатре му правеше цело време .. кога дојде мм дома му објаснив да види или јас трипам вика да малку ни текна земавме чаша да видиме кога ставаме чашата стаклена оп тропка нешто зимам лажиче оп и на лажиче тропка проверувам со прст грепка кажете ми сега немавме никаков симптом друго за запчево дали да очекувам додека искочи нешто темп или незнам нешто или чим веќе грепка нема да има .. дали се појавува темп додека вака искочи (бидејќи ние фала богу немавме) или вака кога е па додека се види горе? И за колку време да очекуваме да се види надвор?
Да се редат како бисерчиња Викаат најголема болка е додека пробива така што јас не верувам на подизлезени да боли долго. Барем моево е така додека излезат на површина е ужас после се смирува.
Првото ми вадеше неприметно, така наеднаш запче и никогаш не качи температура. Чим излегло, нема мака веќе со тоа. Ако се мачи, ќе е друго запче... Нека се редат како бисери
Кај сите да се редат запчињата како бисерчиња. Фала ти многу Денес сме кенкави фаќаме увце и коса кај увцето .. и послабо јадеме е цице ни е омилено само носето ни беше станување ноќе по 1ч будни кенкави и ништо друго се надевам нема да има ништо .. а кога да очекувам да се види/примети горе?
Дај божее фала ти многу нека се редат како бисерчиња кај сите бебушки иначе кога ќе го видам горе тогаш колачиња така?
Па нее, кога ќе избие и тропка веќе можеш колачиња За 10тина дена ќе го видиш убаво, може ако сакаш и да почекаш.. а можеш и одма Спојлер: Колачиња Да не правам апла реклама тука, јас правам колачиња може да ѕирнеш на инстаграм Marbon_cookies
Ооо мајка преубави се. Да подржиме вакви мали слатки, со љубов бизниси. Чекај не со порака, само да ни искочи запчето.