Поим немам..моево синоќа па си ја преспа цела ноќ 11 часа без да се разбуди Му дадов осанит пред спиење и намачкав гелче фрезидерм, еве го од сабајле океј си е
Одамна се така кај него. Вака се осеќа кога допрам, ама уште немат пробиено. Не спие ич мирно. Оваа ноќ не знам колку пати се разбуди или плаче во сон. А и во 7 скок е и не знам веќе од што е.
Вака беа кај нас долг период, пред да извади забче потече непцето и од далеку се гледаше дека е потечено па за неколку дена проби забчето.
Да пријавам дека мојата 11м ќерка извади четири петки. Месец и пол беше настината, страшни мрсули, кашлање, очи затворени постојано насолзени. Испитавме брисеви и крв излезе се супер. Ни на крај памет не ми отиде умот дека катници вади. Стануваше секоја вечер врискајќи, помислив на заби но само напред ја гледав мислев двојки долу вади. Така да навистина немало правило, да ми кажеше некој дека пред годинка катници ќе извади немаше да верувам.
Здраво мајки, дали се случило кај некоја од вас бебето прво да извади горни кецови? Фаќам и кај долните по малку ама кај горните повеќе се осеќа на допир.
Здраво мајки,моево првите два кеца доле ги извади крај на 7ми месец,беше нервозен,се ставаше во уста со спиење ноќе почна да менува се будеше на 2 или 3 саата,онака денски си е добар си лази Горните 2 кеца еве сеа му искачаат крај на 8ми е исто е нервозен,само едвај чекам да му се врати ноќното спиење како што си беше,можеби секој заб кога ќе никнува нема да е исто бар така мислам а за скокови не ни приметувам дали се или не
Здраво мајки, само што наполнивме 4 месеци пред два дена и денес е многу кенкава. Цел ден и беа рацете во уста, а од пред две недели видов дека 4ката десно ѝ е подуена, но денес ги осетив двата кецови долу (4ката уште си стои само подуена). Со прст ја допрев и гребат на допир, дали ова значи дека се излезени или треба повеќе да излезат нагоре?
Овие напред готово искачаат, ама за 4ки е многу рано. Треба прво и горе и доле кецови и двојки, па после 4ки. Се шири само гребенот, се спрема за заби. Кенкава ќе биде по неколку дена баш вака кога ќе избиваат, ама лиги и раце во уста може да има и нон стоп додека не искочат сите заби. Се е нормално.
Ретко, но можно е А ние сме жив пример за тоа. Второто детенце ми извади кецови, па 4ки Дури бевме исплашени дека нема да има 2ки. Е сеа само она поголема беше, касно вадеше заби. Еве од тогаш, сум пишувала тука хаха
Можно е, ама не на 4 месеца И мојата извади доле 4ки пред двојки ама беше над една година, многу касно почна со вадење заби. На 4 месеца освен напред единици нема шанси друг заб да се појави зошто рано е и за единиците. Не дека е невозможно, има деца што се раѓаат со заби, ама премногу ретко е за да се очекува да се случи.
Можно е горни тројки да излезат пред кецови? Син ми го проверував цело време за кецови денес гледам пробиен лево, кец не е сигурно ми личи на тројка или на двојка не сум сигурна баш ама повеќе како за тројка. Скоро годинка сме
Двојка може, тројка не. Тројките се претпоследни заби за никнување, не може да не никнат кецови, двојки и четворки, а да никнат тројки. Двојки се случува да никнат први, не многу често, ама нормално е.
Дали може прво да излезат горни кецови пред долни? Многу е отечена горе, а доле нема ништо. Нервозна е, се чеша горе со што ќе и дојде, одбива млеко, тегне уши, лиги 2 тона… Ако се разбира некој да му пратам слика да ѕирне? Прво ми е, ич немам искуство.
Може, ама ретко. Иначе тие секогаш изгледаат како отечени, и кај мојата се така, а се далеку од заб дека ќе никне.
Како ви изгледа? Денес прв пат забележуваме вакви надувани непца 11м, немаме ниедно запче..дали е можно први да искачаат горните кецови бидејќи доле исто си стои со месеци Дали е до 7 скок или заби се сега дефинитивно ама ептен на агресија го мава си ја удира главата наназад од хранилка, од нас, надолу со лицето се удира од душек/подлога неколку пати континуирано кога е ептен вознемирен..вака си јаде си спие си цица све исто
Тоа се забите ама не се спремни за никнување. Уште се високо. Треба да дојде подуеното подоле, до задебелиот раб пред да избијат надвор забите. Инаку може да се случи и горните да никнат први. На ќерка ми горе двете единици и доле една единица никнаа наеднаш, сите три во исто време на околу 10 месеца. Сум видела и деца што вадат заби првпат на 13-14 месеца, така да имате време.