Ми дадоа капки за носето , и чепчиња исто парацетамол 125мг тука во Германија е така . И ми кажа да видиме вечер како ќе биде ако не мор во болница .. ама сега бебка е добра нема темп
И ние имаме прво запче awwww. Се стопив, криво ми падна што нема веќе бебиња да имам да се радувам на вакви работи.
Што давате да јадат кога се мачат со заби (+ скок)? Одбива каши, а пробав се, шмукалче, ладен гриз, ладно овошје, сокчиња, јогурт..ќе касне 3 пати и бега... млеко пие колку толку но тоа не е доволно на 11 месеци . 1 недела сме вака и освен леб ништо неќе....
Давав поише млеко во тие случаи, особено околу годна кога му растеа горните двојки 2-3 дена беше на 3 млека дневно бар
Млеко, банана сака. Леб во секое време. Се тешам дека е период со забите и ќе помине. Ќе видам после дали ручала. Ама тоа будење со плачење , вриштење , ме убива, бетер од нејадењето.
Женски ние сме 3месеци за некој ден, мојава бебка цела недела со рацете во уста, две вечери по ред цуца цуцла ептен активно и нервозно + денес цела рска ја става во уста и кенка. Вечерва и плаче некако чудно како да се жали со прстите во уста, ладна глодалка пробав како луда ја гриза и ептен се лигави може ли на 3месеци заб да ни никнува и вака да ја мачи?
На 3 месеци почнува оралната фаза кај бебињата.Ставаат раце во уста,се лигават,гризат.Запче ретко на 3 месеци ама не е невозможно.
Ннервозна е ептен додека става раце а и навечер во сон ги пика рачињата вонуста ско нема цуце во уста, дали да почнувам со мачкање гелче?
Што гелче препорачувате кое помогна најмногу кајј вас? Ептен е нервозна и во сон дури рачиња во уста пика
Можно е, моето на 4 месеци веќе имаше 2 запчиња. Ама искрено од ништо не видов олеснување, навечер се будеше по минимум 10-15 пати кога вадеше заби и цицаше цело време, ни цуцла не фати. Му купував глодалки онакви за во фрижидер што се ладат, тоа нешто малку ако смируваше, ама само моментално. Осанит гел мачкав, мислам така се викаше, што има и гранули такви, ама не знам дали го има во Мк, многу викаат дека тоа им помага, мада кај моево не правеше некоја разлика, ама пробај со такво гелче/гранули. Моево многу сакаше со тетра да си ги “чешка” непцата. Уствари ставаше тетра во уста, ќе ја фати со вилиците и ја тегнеше со цела сила нанадвор и цело време така.
Од гелчињава најефикасно ми се покажа Дентинокс дека има и лидокаин во него, ама кратко трае. Земи и ја софка жирафата од Зегин, ама малата, не таа со свирче. Со свирчето таа се полни со плунка и мувла фаќа. Исто многу и олеснува кога ја поминувам со напрсток за миење заби насекаде (има на нук и фри он во дм. И двата вида ги имам користено, нук ми е за нијанса пофин)
13++ има 1,2ки, на ред и се 4ки и 3ки. Ја носев до лекар денес, 3ка надувана горе има Вадело некое вака? Прво 3ка? Првото девојче ми ги скокна па двојките и извади кецови, 4ки, 3ки, па двојки...