Дали се пишува запче или забче? Читам забче на колачите ама нели од заб, б стои до ч и затоа б станува мека буква и се претвора во п? Или јас имам нешто погрешно запомнето од школо. Нека пише некој што со сигурност знае како правилно се пишува. Ни јас не сум 100% сигурна па затоа и прашувам.
Запче е, како што ти рекле и горе Едначење по звучност. Така и леб-лепче, даб-дапче, риба, рипче.. итн... Има доста што така го пишуваат грешно по колачиња..
Ние го срушивме рекордот официјално на 16ипол месеца ни никна првото запче кажете ми од кај да порачам колачиња, да не се многу нашлакани, едноставни ама со убава техника сакам
Јас како најтазе да ти кажам не..немавме никаква мака ни со јадење ни со спиење.. ама 3 пати мачкам фрезидерм гелче и давам 2х6 гранули Осанит
Се соочуваме со нешто чудно кај запчињава на бебе, има 7 и сите му се некако модри. Не се црни, темни, нема видливи точки и слично, ама едноставно цели се модри/сиви. Никако не успевам да го сликнам, а еве и на нет не можам да најдам соодветна слика. Каков проблем може да е, каде да го носам? 10 месеци е.
Ќерка ми си го носеше до 3 год. Го земавме по препорака на др. Марија од Ремедика. Не згрешивме. Не знам дали помага за полесно вадење на запчиња, но ќерка ми лесно ги вадеше запчињата. Сега и за бебе ќе купиме.
Мое мислење е дека не помага. Не кај некои, кај сите не помага. Секој бенефит е чиста случајност или впечаток на родителот. А докажано е дека е ризично мало бебе да носи нешто такво на врат, деца умреле од тоа. Па ако земеме дека има докажана шанса бебе да се повреди, и ајде да речеме дека можеби би делувало, мислам дека соодветен избор е да не се користи.
Јас лично понекогаш користев генгигел со децата, ама реално по состав ниеден гел не е нешто посебно ефикасен. Едноставно за да се смири болката потребен е некаков анестетик, и другиве состојки не можат да го постигнат тоа. Со лидокаин ти е дентинокс, ама пак не е добро да се користи често и не би го препорачала на премало бебе зошто сепак може да појави и алергија. Моја препорака е масажа и ладни облоги. Глодалки со течност за замрзнување и со некаква текстура на површината. Во ептен лоши периоди на никнување заби пола доза парацетамол, но пак не премногу често, секој ден не е препорачливо. На крајот од денот мора да пројдат низ таа фаза, нема магичен лек за безболно да никнат забите.
17м скоро вадиме заби касно. Само левиот кец е излезен ама помалце од пола. Од сабајле е со течни мрсули како вода, му се слеваат надоле..влечеме со носко. Образите двата му се црвени жар. Дали е можно да е од забите ова? Темп нема, весел е, јаде, игра, спие..
Ме секира ептен му хрчи носот матичнава вика дека штом нема темп и кашлица, од забите е, да не го носам по прегледи ств да не закачи нешто
Ние така прошлата зима се намачивме со мрсули влечење, немаше ни темп ни кашлица ,на крај искочи бактерија во носе, со 2 капки Вигамокс се реши.