Ќе се средат како ќе излегуваат новите. Мојава меѓу двата кеца горе има дупче. Вака се нервирам за нејадењето ама реално подобро вака што ги вади отколку со вриштења и тт по цели ноќи.
Мојава на 8месеци е само со долни кецови, читав дека наредни се горе кецовите па после двојки доле па горе така одеа кај вас по редослед?
Кај нас така одеа, доле двата кеца, па горе двата кеца, па после доле двојка, па горе двојка па доле и после четворка па двојка
На мојата после кецовите доле па горе и излезе една двојка горе. Сега моментално излегува нешто ама не знам што, сумњам дека е тројката до излезената двојка, ама ќе видиме
Третава со некој ред како по книга ги вади.. освен една 2ка, што излезе после сите излезени кецови, двојки и четворки. Ама затоа второто без никаков ред. Она извади знам кецови, па четворки.. па после беа другите 3ките како и да е се последни. Не сум слушнала некој прво тие да ги извади пред другиве заби...
Кецови, двојки, четворки па тројки и петки. Тој е редот. Може плус минус нешто да мрдне, ама тројки уште пред сите 2ки да искочат сигурно не е, зошто после 4ките има една поголема пауза вообичаено.
Мојава последна 4ка извади пред месец некаде, првата не ми текнува. А еве сега абер немаме за 3ки (18м е), така да баш како што кажуваш е... Една ми е мааааалку сомнителна, како надоле надуено и тврдо, ама ќе видиме..
Здраво мамички, моето бебче 11 недели за 3 дена ќе прави, а веќе многу се лигави, нервозно е, рацете му се цело време во уста и напред набабрени му се непцата и се гледаат како две мали запчиња (но не се уште пробиени). Што да му ставам за заби, некој совет за полесно излегување?
На 7ипол месеци двете доле искочија и сега не гледам ништо горе … доле двојките како да се потеченки ми изгледа ама ќе видиме, по сликава викам горе повеќе излегуваат па дури после доле
Кај нас до сега е баш како на третата слика ама следни ми личат како горни 3ки/4ки иако ги нема долните 2ки сеуште. Можда сум грешка ама ми личи како да и набабрија тие горе и стануваше со плачки 3 вечери по ред
И мојот извади долу единици на скоро 10 месеци, горните не се ни отечени . Да, следни би требало да се двојките горе после горните единици.
И ние на 9 месеци долу единици, а сега се гледа ја мачи некое ама доле двојките ми личат отечени и како на страна да се чеша повеќе, горните кецови не ми изгледаат како да ќе излегуваат наскоро.
Можно е прво кецовите доле па горе двојки да излезат?гледам ептен набабрено кај двојките горе а единици горе сеуште нема
исто и кај нас, доле има два кеца, сега ја гледам денес како да ќе пробиваат горе двојки, ептен се набарени и се познава како пред никнување