Мислам дека после горни кецови се на ред, ама не мора да значи, може некое друго запче да побрза Гушки за Дарија
Нема правило ич, првото дете на 9 месеци извади прв заб, до година 6 имал гледам на слики, ова на 7, до 10 месеци 2 кеца доле нецелосно пораснати и горе 1 му проби сега после пауза од 2 месеци..
Моето на 8 месеци имаше 8 заби, први му беа двата кеца доле на 4 месеци, после еден месец му испадна двојка доле, па на 7 почна да ги вади двата кеца и двете двојки горе во исто време. Во меѓувреме и другата двојка доле му проби, така да повеќе забчиња извади наеднаш. Сега се надевам ќе почекаме малку за другите
Нас почнаа да не мачат забчињата гледам со метално лажиче прво горе ми тропкаат знам прво долните избиваат.
Феминки здраво од мене имаме 15 месеци и имаме 4 запчиња две доле и две горе . Последнвие два дена мојава е цело рвеме со рацете во уста или се тегне за косичката навечер спиењето ни е ужас спие и се буди на 2 саати со вриштење ја зимам во раце заспива кај мене во раце и после 2 саати вриштење пак обично си спие по мирно мислам прокенкува некогаш ака овие два дена е ужас. Гледам дека горе и е отечено непцето па дали се запчиња дали е некој скок во развој ..немам поима Вака има ли некој искуство со никнување на нови запчиња ? Фала ви за одговорите
Растат четворките тој период (кај ќерка ми дури и порано на 13м почнаа) и бајаги тешко ги вадат повеќето дечиња. Ќерка ми исто се будеше 848484 пати со вриштење ноќе, она ги вадеше 2 по 2 (прво двете горе па двете доле) и плус уште некоја од двојките мислам во исто време искачаше.
офф само да поминува со лесно и брзо ... друг пат кога плаче навечер ке ја земеме мегу нас на кревет се смирува сега не бре вришти само ако ја земам во раце јас седната и она така стуткана ми заспива одма во раце...
слично беше и кај нас и еве и сеа некоја тројка мислам вади имаше вечери едвај ја смирував морав песнички да и пуштам инаку вриштеше без престан и ништо не сакаше. И сирупи за болка сум давала од што немало чаре... Со лесно да проаѓа, период е...
Незнам дали некому му се случило исто. Бебето мое на 4ипол месеци ги извади кецовите доле. Сега еве за некој ден ке има полни 7 месеци и извади една двојка доле. На горната вилица нема ни едно запче. Првото дете ги вадеше баш по редослед, ова вака баш се загрижив. Нели треба следно горе кецови и двојки па дури после доле двојки?
Мами дали да го корустиме мундисал гелот …?!деновиве имаме мн мака постојсно се буди со плачење во сон за гелчево се изначитав различни мислења па ме интересира дали има некојс мајка што го користи и искуство да сподели ако може
Исто и моето бебе, на 4 ипол месеци извади две кецови доле, за брзо после тоа извади двојка доле. Така беше некој месец, за после во исто време некаде 6-7 месец да ги вади двата кеца горе, па двете двојки горе и на крај другата двојка доле. На 8 месеци имаше 8 заби, и искрено лесно ги извади. Нема правило како се вадат забчиња, битно лесно да се вадат.