1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првите запчиња

Дискусија во 'Бебе' започната од mtb, 2 декември 2009.

  1. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Hа керка ми првите запчиња и излегоа на 3-4месеци,сега има 16 месеци и скоро сите заби ги има,освен крајните 6-7мици :lol: незнам дали се изјаснав убаво, :lol: ама многу е нервозна,кине и јаде се :worried:
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски

    Млечните заби се 20 на број, по 10 запчиња во секоја вилица. Нема 6 и 7 сега, тоа се трајни заби ;)
    Прво излегуваат долни кецови, па горни, после долни двојки, па горни, после тоа 4 и 5, и на крај 3. Тоа е некое ориентационо правило, затоа што кај секое дете никнењето на забите е различно, како и периодот во кој никнуваат.
     
  3. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Eте не сум знаела јас :$ A инаку крајните и растат,оние најназад :^)
     
  4. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99
    моето бебе се роди со забче :lol: чудно и многу ретко а и со останатите подоцна немавме апсолутно никаков проблем без никаков јадеж,температури,лигавења. :D
     
    На mama100 и joy1 им се допаѓа ова.
  5. chiccush02

    chiccush02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    10
    здраво феминкиии .. многуу сум среќна па да поделам и со вас ... по 10 ипол месеци на моето малечко му боцна денес запчето .. :D
     
    На zhap4e, Annath и Ariel им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски
    Ај па и јас да споделам... од вчера имаме запче :clap: на скоро 6 месеци (во среда ќе правиме полни 6 :) ).
     
    На chiccush02, Hopeful, blond и 4 други им се допаѓа ова.
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.897
    Допаѓања:
    103.021
    Пол:
    Женски
    честитки , да се редат како бисери :)

    Ние се уште немаме запче ама педијатарот ни рече дека готово е да пробие, цело време е со рацете во уста , се лигави , и одвреме навреме е нервозна. Се надевам дека лесно ке пројдеме :)
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски
    Фала, ајде без многу мака да и излезат забите на малата принцеза. Ние имаме мака, еве и второто мислам дека ќе излезе кај и да е, и нонстоп рацете ги држи во уста и гризе се живо и диво. Планирам и четка за заби да му купам сега, нека си игра со неа, ем ќе ги чисти забите самиот (и без да знае :D ), ем малку ќе му олеснува никнењето.


    Кој гаф сум го направила :$ :$ :$ требаше да напишам 4 и 3 и на крај 5 како што е точно :)
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Сигурна си дека тоа било запче???
    Прв пат слушам :x
     
  10. NB86

    NB86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    68
    Ја сум слушнала за многу деца што се родиле со запче, и имам видено едно мн слатко изглеа, така малечко а со бело запче во уста :)
    Син ми има 8ипол месеци и уште нема абер за излегување на забите, само се лигави, се нервира, гризе све....
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски
    Секако дека може бебето да се роди со запче, тоа не е ништо чудно. Само е поретко.
     
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.897
    Допаѓања:
    103.021
    Пол:
    Женски
    Млечни забчиња

    Кога излезе првото забче на вашето бебе?Кога почнувате/почнавте да ги миете забчињата со четкичка и паста за заби?
    Мојата керка е скоро 8 месеци и уште нема ниту едно забче. Секој ден погледнувам и забележав дека има бело испакнување на долниот дел каде што треба да излезат забчињата. А цело време става играчки во устата и ги гризе :D
     
  13. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Млечни забчиња

    Кај секое бебе е различно. Еве и моево гриза се што ќе најде, ама сеуште нема запчиња (а и малечко е 4 и пол месеци). Моето прво запче излегло на година и една недела :lol: додека имам пример овде во комшии на 4 месеца прво запче. Значи, различно е кај секој.

    И во врска со млечните запчиња, многу често се случува бебињата да качуваат температура, да се нервозни кога им пробиваат. Ми кажаа да си купам течност која се мачкала на жлабината, а не била штетна за бебето. Ако некоја знае нешто повеќе за оваа течност/гел нека пише.

    А што мислите за килибарните герданчиња? Помагаат?
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски
    Син ми има веќе 8 месеци и има две запчиња. Некаде околу шестиот месец почнаа да излегуваат. Ѕешко беше, многу беше нервозен и плачлив. Има стоматолози кои ќе ви речат да му дадете парацетамол на бебето да му ја олесните болката од пробивањето на забите (тоа навистина боли), ама јас мислам дека нема потреба од залудно давање на такви лекови.
    Секако дека веќе му купив четка за заби, прилагодена за неговата возраст, но не му ги мијам со паста, туку само со вода. И тој самиот си ја гризе четката, т.е влакната, па на некој начин си ги чисти запчињата :D

    Нема правила за тоа кога никнуваат првите заби, кај секое дете е различно. Обично кај машките растат подоцна, но не мора да значи дека кај сите ќе биде така.

    Може да се олесни никнењето со гелови на природна база, ги има во секоја аптека. Основно е дека содржат ментол, масло од каранфилче и други помошни средства и делуваат како природни анестетици. Ама колку помагаат, индивидуално е.

    За килибарните ѓерданчиња немам некој став, освен тоа дека на толку мало дете не би му ставила ѓердан околу врат. Можеби и помага, ама мене шубе ми е.
     
    На Milla9479 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    ^^
    Можеш ли да ми кажеш од каде ја купи таа четка? И како да барам, пишува ли нешто конкретно на неа? Сега прв пат слушам од тебе дека на толку мала возраст па и со само 2 запчиња, треба да се мијат :)
    Баш би сакала за внучето мое да му земам, 7 месеци е и исто со 2 запчиња :inlove:
     
  16. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Јас ја земав од Веро, иначе е Чико, и на неа е наведено дека е за бебиња :) И јас ја земав уште кога и` излезе првото запче и ден денес е исто восхитена кога одиме во купатило да миеме запчиња :D
    Иначе ќерка ми имаше килибарно герданче од 3ти до кај 7ми месец, ама почна да го влечи и става во уста, па откако еднаш се скина и` го извадив пошто знаев дека што и да направам - нема да престани да го прави тоа. Морам да признаам дека во времето кога го имаше не ни осетивме дека и излегоа запчиња, а излегоа 3 :)
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Ова со килибарното герданче јас би го нарекла “нова мода“ :) ... ама кога ќе слушнеш нешто, а и го гледаш детето како се мачи , греота е да не пробаш.
    Моја другарка му го ставаше герданчето под перниче.
     
    На sunmoonstars му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски
    Од Тинекс ја купив, на Лакалут е, и обична четка е, пишува од 0-2 годинки. Има и четки на Џордан мислам беа, од едната страна се како глодалки, од другата четка е. И тие се супер.

    Инаку, треба уште од раѓање да се почне со орална хигиена ;)
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Дали е „нова мода“ не знам, килибарот е минерал познат многу години уназад (старите баби носеле гердани од килибар за ублажување на болки во организмот и појачување на имунитет) ама ставањето на герданчето под перница нема ама баш никакво дејство врз бебето - тоа треба да е во допир со кожата и тогаш го „испушта“ тој природен аналгетик.
    После одредено време носење, ќе видите дека килибарот потемнува (заради собирање на „негативното“ од организмот), и ако се измие со млаз ладна вода и да се остави малце на сонце - пак си ја враќа бојата, т.е. „силата“ :)
     
    На Ina Lina и girl1985 им се допаѓа ова.
  20. Milla9479

    Milla9479 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    21
    на моето синче првото запче му испадна на 3м. и 23 дена :D инаку 2-3 дена пред да му испадне нон стоп плачеше а инаку по природа си е многу мирно и сеа сме со 1 запче само сакам да прашам како што имам слушнато треба да му испаднат прво долните единици а нас ни испадна двојката од десно нормално ли е тоа или :^)