Моево ич нема врат само гуша дебела .Керка ми е опседната со тоа и само прашува мамо кога ке и порасне врат на сестра ми Јас за спиење и го извадив инаку преку ден вчера го носеше и не се бунеше
Никна и четворката горе. Денес случајно ја приметив. И другата е на пат, набабрено е местото. Затоа беше нервозна деновиве и слабо јадеше.
здраво мамички . син ми има 1 годинка и има 6 запчиња. вчера забележав како забите да му се извалкани па му купив четка и паста и му ги измив... после миењето забите останаа исти. кога ги допрев со прст сфатив дека тоа се како дупки односно запите му се расипуваат. има ли некој искуство со расипани запчиња? од што може да се случи тоа? син ми пие многу течности но избегаваме шеќери. сака благо но за тоа користиме мед или гроздов маџун. можно ли е да е од тоа? поздравче
Однеси го на Детска Стоматологија да го видат и ќе ви кажат што да правиш т.е можеби р недостаток на флур.
Забите се мијат од прв ден. Не се чека да пораснат сите. Најверојатно е почетен кариозен процес поради негрижа за оралната хигиена, а не е недостаток на флуор, посетете стоматолог. За мали деца моја препорака е Tooth mousse, го има во продажба на Европски Универзитет во Скопје, на факултетот за стоматологија. Инаку може да се набави само преку матичен стоматолог.
@Annath на нас ни се никнати две запчиња, ама не се целосно излезени. Да почекам да излезат убаво, па да и ги мијам. И со што? Со четкичка, паста? Ако може совет? И кога треба да се оди на прв преглед на стоматолог? Фала
Миј ги со четка и со вода само, рано е за паста. Има четки што се ставаат на прст, како напрсток, а може и обична четка да земеш, има доста голем избор. За прва посета на стоматолог - најубаво кога ќе никнат сите заби, кај две, две и пол години, ама треба разговор со детето и подготовка за посетата. Ако има потреба, може и порано.
Фала ти Ана. Само уште ова... каде можам да купам таква четка како напрсток? Прв пат слушам за ова, а ми делува како многу практична работа.
Во аптеки има, така знам. Не сум купувала, јас директно почнав со обична четкичка да му ги мијам на малиот.
Изминатава недела интензвно се лигави и со играчки,глодалки, облека и сл. си ги дрпка непцата. Немаме ниту пролив, ниту темепратура, спие подобро од никогаш (пу пу да не ја подречам ), ниту пак покажува нервоза. И првите запчиња лесно ги поминавме, се надевам и ова вторите без позначителни проблеми ќе излезат. Само се прашувам дали тоа интензивнто лигавење значи дека ептен наскоро ќе излезат? Се плашам дека ќе ме каса додека цица, оти со овие двете запчиња што ги има партали ме прави... а сега и одозгора и излегуваат
И ние да се пофалиме со првото забче кец горе лево, лесно поминавме без температура освен мала нервоза и тоа денес само, вториот кец е на повидок
Втората двојка горе ни наплати за сите досега. Неиздржлива е колку е нервозна и плачлива, денов мислам година ми трае. Уште одсега се плашам за тројките и четворките.
Ние со кецовите и двојките лесно поминавме и за брзо време излегоа, едни по други. Ама четворкиве горе наплатија за се. Со првата затнат нос, 5 дена аспирација правевме, намален апетит од скоро една недела, нервозна беше многу, се во раце беше. Сега пак носот и тече, 3-4 ноќи не спие ич убаво, се врти, плаче, за среќа апетитот сега и е добар И образите и се жар црвени. Среќа што до сега не дигна температура, се надевам и за другите нема.
Јас ги гледав во Дм, има на повеќе производители, најевтини беа на Babylove околу 150ден две во пакување. Еве како изгледаат:
Мамички, многу мака видовме со запчињата последниве две недели. Има 8 запчиња кои излегоа во рок од 1 месец. Првото го извади на 4.5 месеци. Од тогаш не ни е излезено ни едно ново запче. Од време на време, кај тројката долу се забележува оток ама никако да пробие. Сега има 10.5 месеци и ни едно запче не и излегло во последниве 5. Не спие мирно, постојано е нервозна и ништо не ја расположува. Две недели се изнамачи и таа а богами и јас. Сум читала дека деца кои ги вадат првите заби порано, подоцна имаат мака со вадење на тројките и четворките. Сите масти ги пробавме и нема спас. Не знам до кога ќе трае ова ама многу е лоша
Сочувствувам со тебе. Последните 10 дена ми траат 10 години. ниту знам како да и угодам ниту пак таа знае што сака, а вади двојка горе. Страшна е. Јас од очај бев и на консултација со хомеопат и ги земав и гранулите на база на камилица дека многу мајки биле задоволни. Има разлика единствено што преку ден овие три дена ми спие по саат и пол, се друго е исто.
Многу долго ми се виде. И син ми се мачеше со забите, па дури и температура креваше ама беше посмирен за разлика од ќерка ми. Максимум една недела имаше нервоза. Ова сега е претерано
Од што не успеавав никако да и ја видам горната вилица, јас убедена дека двојката само прави проблем. Двојката е скоро излезена ама денес ми се посреќи убаво да видам и има што да видам, горните две тројки пред пукање и се. Е сега сум тотално во прашалници. Долната вилица нема абет за забче. И излезе првин доле кец, горе двојка, другиот ќец долу и двата ќеца горе едно по едно. И сега вади тројки горе?? Знам дека секое дете е различно ама ова баајги ме збуни. Има место за загриженост? @Annath твое мислење?