Мајки морам да споделам искуство после две недели користење на хомеопатскиот лек за забчиња. Ќерка ми многу помирно спие ноќе и нервозата, нападите на бес од болка и се значајно намалени! Деновиве дури по цел саат седи до мене за да си играме. Не е магичен лек да исчезне целата мака ама има ефект сосема доволно да може и таа и јас да останеме нормални.
На своја рака од зегин ги земавте? Јас би дала ама маж ми вика без консултација со др.никако, а матичната е со став дека се ќе помине...
Јас сакав да одам кај Голубинка ама по консултација, дека прв преглед ќе ни е тоа со нејзе ќе требаше да трае околу три часа. Во такви моменти ко што беше плачлива и нервозна мојата немаше сила што ќе ја натера три саати да седи во непознат простор. Плус не јаде готови кашички, јаде само во столче, како јас ќе поминев со нејзе на преглед и зошто би и придизвикувала толкав стрес дополнително кога гранулите за забчињата се слаби и нема никаква штета од нив. По консултација со мајка што со години користи само хомеопатски лекови и плус од очај, отидов и ги купив. Имам другарка во Германија, таму не ги носат на хомеопат за овие гранули и самите хомеопати дозволуваат нивно користење.
Знам дека не е страшно ништо, на природна база се ама и тој е родител, мора 2 да се согласиме. Реално немаме некој зорт ама кога ќе дојдат на ред 3 и 4 ќе мора да се убедиме некако. Гледам на ист начин како син ми ги вади запчињата па претпоставувам дека тогаш ќе имаме поголема мака.
Апсолутно се согласувам. Мојата пред две недели ја извади втората двојка горе, сега вади двојка долу и горните тројки, за греота беше.
Можеби е малку глупо прашањево ама стварно незнам што се тие хомеопати доктори ли се,што се и што прават три сати прегледват или што а баш сакам да знам.
По правило се дипломирани доктори кои си ги прошириле знаењата и лечат на природна база. Првиот преглед е три саати зошто се прашува за детето од раѓање до моментот, и го доиспитува, не само за здравје туку и како реагира во одредени ситуации. На кратко но, треба да знаеш дека хомеопатијата не е признаена од сзо како начин на лечење и на твоја одговорност одиш.
После многу маки денес ни никна и второто запче .Се надевам оваа вечер ќе спиеме помирно оти хронично сум ненаспана.Ах слатки маки
Ние немаме никаков редослед значи на никнување на забчината,досега имаме долни и горни единици,една двојка долу и јас очекувам други двојки горе или другата долу ама сега кога видов нас вејкем ни никнала четворка горе.