Машала @НаталиЛили убаво сте потерале со запчиња... Ние 14месеци немаме ни двојки... Само четири кеца-
Малку се намачивме, по 4 заба наеднаш вадеше, уште долните двојки ни фалат. 10 запчиња на 12 месеци. А тројките кога одприлика излегуваат, дали знае некој? Да излезат и тие наскоро и раат да бидеме.
Браво за вас... По правило тие покасно... Околу 18месеци. Ама и сама глњдаш дека нема со бебушиве правила
Со кецови толку мака а што не чека понатака Дентинокс не ми го сака, можеби поради мирисот се мачкаме со и денес го зедовме и многу ни помогна
Гелот сам ми го бара да го намачкам, му ги лади непцата А капките му ја смирија болката и од двете сум за доволна
Син ми со кецовите имаше многу мака, со останатите заби само проливче ( и црвено газе), а кенкање, нервоза, нејадење... ништо од тоа. Ама кецовите и двојките ни наплатија за сите заби.
Леле и ние имаме црвено газе долго време и ништо не помага. Никакви креми, масти, помади. Ни на крај памет не ми текна дека може да е од вадењето заби. Како го средивте вие црвенилото? Кај нас на моменти се смирува и после пак јово на ново.
Ако има потечна столица, од тоа е. Кај синко така беше. А почне да вади заби, одма потечно какаше и плус 5-6 пати во денот (редовно така какаше до две и пол години), одма газето жар. Само спрејот Џинџира Алба помогна. Другото моментално помагаше, само спрејот долгорочно го реши проблемот.
Денес ни излегоа првите две долни забчиња, имаме 4м+2н. Деновиве му тече носето, го носев на доктор, но се беше во ред. Можно ли е да е од тоа?
Штом на доктор ви рекле дека е добар, можно е да е од забите. Тоа е еден од симптомите на вадење заби. Кога и излегуваа првите заби на ќерка ми и на неа и беше или затнат носот или и течеше.
Убав ден, освен роденден и ново запче- 7 по ред, десна двојка доле беше нервозна и плачеше откако се вративме од роденденот ама мислев дека е од гужвата/галамата, ама др.било.
Веќе 3 месеци на малиот му потекуваат непцата па му спласнуваат. Се појавува и бело кај запчињата што треба да излезат, ама ништо нема пробиено. Од пред 2 недели кај тројките горе му е многу бело, дури се гледа и како запче долу, кога му ги масирам непцата таму најмногу ме стиска и се гледа дека најмногу го нервира тој дел. Моментално му се потечени и горната и долната вилица, лигав е максимално, денес и како малку проливче имаше на второто какање Се надевам дека наскоро ќе излезе нешто, зашто ненормално е нервозен и го боли, ни гел не му помага За глодалки и цуцла лажалка не сака ни да чуе. Нешто друго што би препорачале за да му олеснам?