Не се секирај Milla9479, нема ништо ненормално во тоа. Знаев, дека е така, но решив пред да пишам да проверам во интернет со сигурност дали е така. На доста места прочитав, дека не е ненормално. Не може све да е како по учебник. Секое дете си е различно. Тоа што на твојата пријателка (примерно) детенцето му поникна прво запче на 5 или 10 месеца, не значи, дека и твоето тогаш треба да се здобие со запче или тоа каде да израсти првото-горе, долу, кучеки или заешките Нема правила и место за секирација На Мартин сега скоро му поникна првото запче Многу се израдував и се почуствував горда. Долу десно (заешки, како што му викаме ние ) Тетка ми (на тато сестра) првото запче и поникнало, кога била на 3 години, сега е на 55-56 и нема ни една пломба, ни еден кариес. Има нај здравите заби, кои сум видела на 50 годишен човек.. Незнам дали тоа, дека по доцна и израстиа забите, дали игра некоја улига, но многу се зачудих, кога мајка ми кажа. Исто сега дури барав информација за Milla9479 за конкретен одговор, разбрав, дека 1 на 2000 бебиња се раѓаат со заби Чудно, но факт
Да се пофалиме со второ запче. Како зајче е, долните 2 запчинја се гледат веќе доволно. Едното е скоро цело поникнато, сега и другото до него се гледа...
Браво, нека му се здрави и бели ко бисерчиња! Ние чекаме трето и четврто запче... маки си имаме, како со првите две... ух ако биде вака додека да излезат сите 20 заби....
Лелее мојава девет ќе направи уште малку (месеци ) и уште нема запче. Многу се нервирам, ептен е нервозна и не спие навечер цеела недела се буди само. Ај велат колку покасно толку поздрави
Ааа сум заборавила да се пофалам. Првото запче на Водици ни никна, а второто излезе одма до него , по една недела
Еве ние веќе си имаме 5 запчиња (доле 3, горе 2) От како излезна парвото запче почнаа како печурки да никнат Сега чекаме шестото.
Мамички да ве прашам дали веке почнавте да ги миете запчињата на вашите деца? Ние имаме 4 запчиња сега за сега , 2 горе и 2 доле па се мислам дали да одам да купам некој четка за заби и паста.
За паста мислам дека сеуште е мала ,барем кај нас во МК пастите се 2+ години(и да има за помали не знам колку е добро затоа што детето нема да ја користи за миење туку ќе ја голта) ,а четки за заби има 0+ и добри се за да се научат да ги четкаат забите,а и многу помагаат кога им излегува ново забче. Јас на син ми до 2 години му ги четкав само со вода. Инаку мојава малечка срничка последниве неколку дена почна интензивно да се лигави ,а минатата недела направи 3 месеци
Мојата малечка (како што сум напишала предходно) почна многу да се лигави и најверојатно се спрема за запчиња Е сега тоа не е проблем ,туку проблемот е што постојано се дави од големото количество на плунка. Секој 5 минути она се дави и кашла ,а ја однесов на педијатар и нема ништо на грлото ,носето и е чисто. Прашањето ми е дали некоја го имала овој проблем и како го решила мислам на тоа како ги легнувавте ,потпиравте или што и да сте правеле за да не се дави.Знам дека ова е процес кој мора да помине ,односно треба да се научи да голта ,ама можеби некоја од вас успеала да најде решение како да се ублажи ова.
Ние уште сме само со две запчиња. Долните и никнаа едно по друго, т.е. набрзо во 9ти мислам месец, а сега имаме 11 месеци и некој ден и уште нема трето запче.
Да се пофалам и јас, на Матео му излезе првото запче на неколку дена пред 7 месеци. Душичка го измачи излегувањето на првото запче, 3 дена не беше спиен а ни ние со него, слабо и јадеше колку душата да ја врти ама кога проби веќе заспа и еве го 12 саата без прекин спие. Не крена температура затоа не сакав да му давам лекарства уште од сега, пробав со белото вино што го прочитав тука му поминуваше за кратко болката колку да одреме пола саат, му давав од играчките што се за гризење ладни од фриждер и тие за кратко време го смируваа и цуцла исто ладна од фрижидер. Не сакав да го мачкам со гелови затоа што пред некое време тука излезе некоја поврзаност со состојка во Бонџелото со некоја ретка болест Rheye`s syndrom која била смртоносна за мали бебиња па колку и да е ретка не сакав да ризикувам, и оваа достапност до информации колку е добро толку е лошо, да полудиш од разни информации И другото запче е готово за излегување се надевам дека нема да се измачува волку за секое запче
Првото забче На која возраст ви се појави првото забче и дали кон тоа се надоврзаа останати промени дали во расположение, температура, проливче, ноќно будење, бутање на се и сешто во уста и слично? Дали користевте некаков гел за да помогне или пак користевте старински методи (на пример ми кажаа дека мачкање на непцата со бело вино помага за побрзо да испука непцето и да продре забот). Еве нам ни излезе прво забче на ден пред полни 9 месеци. Ни излезе единица долу лево. Температура немавме среќа, но беше доста хиперактивна (она и онака е, ама ова беше значи не знае што сака попрво да прави), бутање на се во уста дури и крици испушташе за болка), малку нервоза, почна да се буди ноќе што не беше вообичаено за неа ама ич и знаеше одвреме навреме да кенка и да сака да се гушка ептен. Кога да ти видам ЗАБ! Ни чукна на чаша додека пиеше вода. Прочитав дека го фалат дентинокс гелот, јас имам еден на база на ментол кој лади ама не сум сигурна дека нешто многу и помага. Инаку ова е гелот кој јас го имам моментално: ама како што кажав не знам баш дали и помага. Го користела некоја?
Првото забче Мојата ќеркичка првото забче го извади на 6месеци и два дена,а второто на 6 месеци и 17 дена. Јас воопшто не забележав никаква промена кај нејзе ,ни во расположение ,ни во нејадење.Ако вака продолжи да ги вади јас ќе бидам пресреќна. Моето мислење за ваквото неосетно вадење на забите е фактот што таа цело време јаде пасирана храна (кога потврда,кога помека) и џвакајќи им помага на непцата
Првото забче Првото запче доле 1 на син му искочи на 5,5 одма до него никна и второто после до 8,5 месеци никнаа усте 4 заби горе.Релативно лесно и без некоја посебна мака му искочија овие 6 заба имаше лигавенје бутање во уста се што ке му дојде во раче и намален апетит температура ич.