И јас го купив тој гел во плавата тубичка, ама џабе е, само моментално делува. Нема што немам пробано, а кај син ми секогаш вториот заб од парот (бидејќи се по два, нели) е проблематичен. Првиот ќе излезе, ама со вториот маки ќе мачи - првиот долен секач одма излезе, со вториот се намачивме. Исто и со останатите. Сега веќе има и деветто запче, горната лева четворка, ја видов кога бевме на одмор. Не почувствував дека има мака. Ама затоа сега чекам проблеми со десната Ги миеме со четка и вода, навечер задолжително, а преку ден некогаш ќе се случи да пропуштиме. Од паста (има од 0-6 години на Вадемекум со вкус на зелено јаболко и банана) му се гади, па сега засега само со вода. Секако механичкото триење е важно, џабе пастата ако не се истријат забите убаво.
Лелее браво , ние имаме година и 4 и пол месеци и уште имаме кецови и двојки горе и кецови и двојки долу. Ама како е нервозна и само кемка навечер , маки мачи. Со прстот кога ј амачкам и осетив едно топче цврсто долу десно, само не можам да видам за кое запче се работи. Мислам дека сите наеднаш ќе и испоизлезат. Па само 8 запчиња имаме. Не се малку?
Не се малку, таман се... сега четворките ви се на ред. Син ми на 14 септември ќе прави 18 месеци, а првата четворка не му е целосно излезена, само врвчињата. Допрва ќе пробива цел заб. Инаку, кој заб кај кое дете кога никнува е индивидуално и генетски
Женски значи ова е лудило... се мачи да и излезе другата долна единица и не знаете како се однесува ќерками... вика многу силно, плачлива е а вообичаено воопшто не е, се и е досадно, ХИПЕРХИПЕРХИПЕРактивна е! Купив и дентинокс, не знам веќе што да превземам. И навечер многу плаче. Полудевме заедно и јас и таа... колку време ќе се измачува?
Исто беше и кај нас, со втората долна единица маки мачевме... не паметам колку траеше, ама не беше многу долго (мене ми се чинеше бескрајно). Живи ненаспани бевме. Истото и кога требаше да излезе втората горна едница, втората долна двојка, втората горна двојка...
Ај сега да се намешам и јас Дали е редовно и убаво искакана? Дали и даваш топли јадења(вообичаено кога излегуваат заби се дава малку ладно сеедно дали млеко ,јогурт,кашичка)? Можеби се работи и за скок во растот(хиперактивноста) ,па сега се собрале неколку работи. Види дали можеби покрај забот се работи и за нешто друго (барем за дел од работиве кои ги спомнав),барем јас така сум правела. п.с. Да не сте смениле нешто во секојдневието,нешто што ви било веќе рутина ,па сега да и фали? Извини вака само што нафрлам работи,но се надевам дека ќе ми ја сватиш поентата и можеби ќе ти помогне да ја најдеш вистинската причина. За забчето пробај на секунда (ама буквално секунда)да и го намачкаш/поминеш со парче лед. п.п.с. И мојата последниве денови е хиперактивна,дури и преспива само по еднаш во ден,а не и расте заб. По цел ден нешто сака ,де да стои ,де да седи ,де да лази и се е само за 5 минути и веќе 6тата сака нешто ново
Еве го мојов пак... ноќеска после не знам колку време се будеше на секои пет минути, ама буквално. И плачеше, ама не силно, туку како да му е непријатно. И ете утрово, осетив две врвчиња од десната горна четворка, а вчера ништо немаше. Инаку, јас пробав и со бело вино од фрижидер, малку од малку, ама помага само моментално, исто како геловите од аптека. Преку ден нема мака оти мојов на големо џвака, само нешто меле по цел ден, дали круша, слива, бисквита, јаболко, или леб сеедно (ова покрај редовните оброци). Синоќа првпат одби да ги мие забите, што досега не се случило. А секогаш јас прво му ги мијам убаво, па тој ја гризе четката и си ги чешка непцата. Е синоќа ни тоа не го сакаше. Знам дека секое дете минува низ одредени фази кога буквално не знаат што сакаат, ама овој мојов не плаче силно деновиве, туку, само кенка, како да му е нешто непријатно.
Ах леле ставрно маки си имаат со забчињата Кај нас ранко е за забчиња , ама сепак ме фака страв како ке поминеме , секое дете различно Се надевам нема да имаме проблеми при никнување на забчињата
Грл јас на мојата од Чико во Беверли и имам купено две како цуцли,но всушност се гуми за вадење на заби и се продаваат во пар при што едната е за вадење 1 и 2 ки,а другата за 3-4ки.Се мислам дека беа на Томи Типи и дека беа 180 денари.Мојата цуцла не сакаше ,но овие ги обожава. На нет најдов нешто што од прилика личи на нив Код: http://www.icbaby.com/pages/mam_bite_and_relax_teether_2_months_plus.htm
Ќерка ми има 17 месеци и сега за сега имаме само 7 заби Познавам 3 дечиња големи се колку нејзе и ги имаат скоро сите заби. Овие 4 месеци не излегол нов заб. Има ли потреба од грижа?
Нема причина за грижа, рано е за да излезат сите заби. Не се секирај. Син ми еве, скоро 18 месеци, има само 10 заби. А уште 10 треба да излезат Ние дефинитивно мака мачиме со овие заби. Не ми се буди ноќе, фала Богу, ама бара помека и ладна храна, и три дена кака како луд, не е проливче, ама по десет пелени дневно менувам. Не јаде толку количински, колку што кака. И сега газето му е жар црвено. Пробавме сè што може да помогне, дури и без пелени го оставам да шета. Ама газето си настрада. Жал ми е да го слушам како плаче кога го мијам и со ладна вода. Нема што не пробав, последно антибиотска маст - и сега засега има резултати. Ќе видиме денес каков ќе ни биде денот
За црвено газе детска витаминска крема со перу балзам закон е одма го снемува црвенилот ја има во Зегин
Ги читам постовите и си велам дека ќерка ми е уникат, на 14 месеци има само 2 заба доле. Се мачи кутрата, цело време се лигави, гризе кој и што ќе стигне, понекогаш си велам до кога ли вака, абер нема од никнување. Пвото запче со големи маки, температура, пролив и сл. и излезе на 10,5 месеци.
Првото забче на мојот син му излезе на неполни 5 месеци, освен неконтролирано гризење на се што ќе му дојдеше до раче друга промена не забележав. Сега има вкупно 8 забчиња, има 1 година и 7 дена Досега сите излегуваа во пар, најпрво 2те единици долу, па после горе. Следни двојките горни и сега долните. Разлика во никнувањето ден, два. Со последното забче имаше најголема мака, па згора на се и се одикнуваше од доење и се наеднаш се собра. Причина за одикнувањето беше тоа што и за градите многу ме касаше, а и секаде по телото полна сум со синила
Јас дури сега видов дека на ќерка ми и растат две горни заби оддеднаш - затоа денес ми е цел ден плачлива неможеше добро да спие од 1 часот на пладне се мачеше да заспие и конечно заспа во 7. Стана во 8 навечер па пак сега заспа.. душички тоа е , сите ова го поминале
Ноќеска се будам, да ја проверам ќерками, што да видам, температура изгор. Мерам, 38. Го разбудив сопругот, абе една паника ме фати што да ви кажам... па отиде тој зема сируп далерон од Зегин за секој случај, ама реков се додека е до 38 нема да и дадам, да се избори организмот. Еве редовно и мерам, сега има 37,5 и ставам чорапи натопени во вински оцет. Ноќеска она спиеше всушност, ние не спиевме, а и еве сега си легна. Пиеше млеко и се однесуваше ок. Веројатно температурата е од забот кој уште не ни пробил.
Кај нас и третата четворка проби, останува уште една... уф, маки со овие забиве. Што дека јас сум стоматолог, додека не станеш мајка и не почувствуваш со сопственото дете како е, не знаеш ништо. А со газето, АИТ, Господ здравје да ти даде што ме убеди да му ставам кантарионово масло. Искрено, скептична бев, ама маката ќе те натера да пробаш сè - а не можев да го слушам детево како вришти и кога го мијам, маслото ни е спас - газето уште му е црвенко, ама не многу, и нема ранички - не го боли