Мами беба има испакнатина на жлебињата кај горните предни запчиња Вчера беше испакнато и тврдо денес е малце шилесто ама од надворешна страна ама запче нема Освен разладни гумички со што можам да и помогнам зш многу е нервозна и плаче и не дозволува да ја тријам со прст
Гел за разладување има низ аптеки или пак глодалки од оние меките со вода што се внатре, ставај ги во фрижидер и давај да си ги грицка и да си се лади @Mari* нема што друго да направиш, гел и глодалки.. ке пробијат за скоро чим е бело и набабрено Некои бебиња лесно вадат заби, некои потешко.. што сакаш направи џабе ако си се такви непцата. Детенце на другарка абе секое забче со температура го вадеше и тоа и по цела недела температура, не мн висока ама доволно да омалакса и да направи нервоза кај детето... Помагај и често со глодалки, оние со топчиња ситни се најдобри за масирање
Дадов се и од оние со вода,и гуми со топчиња,и крпчиња да гриза,гел,кугли имам исто и од нив и давам неподносливо е колку вика и плаче Охх од 3 месеци сме така еве не 8+ и уште ништо
Абе чим од 3м е така нервозна, такво си е детето.. не е таква ради забите цело време, давај и други занимации, може досадно и е.. не верувам од прво забче толку време да се мачи.. Па сигурно 5месеци не вади еден заб нема ни едно така?
Si igra sve si e vo red toa ama dodeka griza pokazuva nervoza Na dopir na nepca place i se ţrga Neznam veke so da i dadam za da i pomognam Poslednive 2 nedeli e izrazeno uste poveke Ne spie poveke od 1 saat Ne jade kasicki samo na mleko caj i voda sme
Сега веќе може вади забче ама на 3,4,5,6,7м не била од тоа нервозна. Бебињата имаат период на орална фаза каде се оди во уста, раце, играчки, предмети, така ги запознаваат нештата. А со самото гризење се лигават, лигавењето и пикањето раце, предмети не значи секогаш вадење заби. А веќе кога и се познава бело и има подуено непце, значи ке биде за скоро забче се што правиш е доволно, друго само трпение треба
искуства со гелови за непцињата? Веќе недела дена синко е нервозен , не сака да пие млеко кашичка ич , се го нервира, какањето му го приметив дека му е зачестено во текот на денот (3-4пати) течно или лигаво , денски спие по 15мин - пола час , добро е навечер што си спиеубаво .. По сето ова верувам дека се симптоми за запчињата .Колку време траат жално е да ае маче душа
Дете расте мама да не примети дека има ново забче, 5ка и тоа цела порасната доле десно 100 пати му избројав за да се осигурам на левата страна има отечено и бело, таа тек ке пробива.. Горе не ми дава да видам, ке проверам некако друг пат
На моево бебе многу чудно му растат забите, 13 месеци е и има горе единици и двојки, доле само единици и му излегоа 3 петки, сега и четвртата пробива. Имал некој вакво искуство, или моево бебе е феномен?
Нема шанси да се 5ки, 4ки се ти изгледаат на 5ки бидејки нема 2ки,3ки и има големо растојание.. 5ките се многу покасно, а и башка на толку неизлезени заби тие да искочат прво нема шанса... мојов што е 21месец една 5ка има и сите други 1,2,3,4.. Инаку прво изглагаат 4ки, па 3ки, само двојките што не излегле доле е чудно.. но ке пробијат сигурно кај и да е.. 5ките се обично и над две години... но знаат и порано да искочат но пред сите други заби не
Ама скроз на крај се на вилицата и се баш како петки со четири врвчиња. И матичната се мислеше и чудеше и рече дека се најверојатно 5ки.
Такви се и 4ките и јас бев збунета кога искочија дека изгледаа многу далеку и мислев 5ки се (баш како тебе прашував тука дали е можно 5ки да извадил), но кога искочија и 3ки си се виде редот и дека стварно се 4ки. Оваа 5ка вчера што му ја приметив е каде каде поголема од тоа забче (4ка), не поголема, огромна е кога ке искочат наредните ке знаеш што се.. или е феномен, или си грешка
Инаку на мојов сеуште му се такви раштркани, раздалечени, има особено поголем простор меѓу 3ка и 4ка... прашав на забар зашто така, ми рекоа како што ке порасне и пораснат наредните заби ке си се наределе и ке се стеснеле... а новава 5ка е убаво до 4ката скроз
Четворки се, и четворките се исти ко петките, само малку помали. Башка вилицата уште ќе расте, ќе се направи место за петките допрва. Прерано е пред 20 месеци да растат петки иако кај некои и тоа е можно.
Пак јас Приметив обелено кај долните запчиња десното повеке левото помалце,ми наликува на плускавец ама не е нити натечено нити црвено,незнам дали да очекувам скоро или нормално си е така