Vekje imame dva zaba Osvrn malku namalen apetit I sto saka povekje da e vo race dr simptom nemame I se nadevam ke nemame. Toa sto grize sto ke I dojde ne go pisuvam zaradi toa sto od dva meseci e takva.
Ние вчера го добивме првото запче 11м 17дена Сега сака и тоа до него па весело ни е дома Температура,проливче ништо од тоа немавме
Горни 5ки кога излагаат? Да знам кога отприлика да приметам дека нервозата би му била од тоа, до сега немал проблем со ни еден заб, сите лесно ги извади некои само со мала нервоза. Има долни 5ки одамна пораснати, горни како што приметувам нема. 2год е
5 месеци, а горе двата кеца боцкаат веќе. Прво мислев си правам филмови демек рано е за заби, ама боцкаат бре. Симтомите не беа страшни. Освен што пика се во уста се лигави и цели тупаници исто така става во уста, два три дена сакаше само во раце да стои и еве ноќе кога ќе се разбуди да јаде не можам градата да му ја тргнам од уста, ваљда убаво му е нешто да има да ги чешка непцата во спиење. Давам глодалки и мачкам гел за разладување. Ќешки на овој начин да ги вадиме забите. Ќе ве известам дали стварно се заби или сум си праела филм.
Мојата е 22 месеци и ги има сите четири петки. Исто како кај вас, првен долните а после 1-2 месеци горните. Препознав по будењето од сон среде ноќ со плачење и беше прилично нервозна преку ден.
Мене не ми дава да видам, а вака со рака како да бројам 1,2,3,4... долните во Февруари ги извади. Плаче периодов во сон, еве денес особено... и ептен е нервозен деновиве, како збеснат нешто... па може да се горните...
Кај моево најмало, година и три месеци има, ги извади кецовите и двојките првин, па нередни му се сите четири четворки, убаво се никнати со сите шилци, а тројки нема
Исти случај. Долните кога ги приметив беа целосно излезени и пораснати. Не знам ни јас точно кога . Горните ги приметив уз драми и плачки. Неколку вечери по ред се будеше од сон со хистерично вриштење. Малку и паника ме фати. Па една сабајлина милум/силум отворив устата и примитив дека четвртини од забите се пробиени. Ако го фатиш на арните и уз игра, скокоткање, смеење можеби би успеала нешто да видиш. Прст никако ставање Бубале и кај нас мислам дека беше првен четворки па тројки.
Па одамна не сум ставила прст, искрено страв ми е А ние се чудиме три дена е страшно хистеричен, писка, вика, си викаме детево се размазило нешто (дека обично си е послушен), игра игра сам доле на тепих и одеднаш бум бам ааааааа писка нервоза фрла се ајде некако при миење забчиња ке се потрудам да ѕирнам
Горни 5ки и двете со врв околу малку пробиени, ееееех @danichap јас детево го карам деновиве на крај памет да ми текне дека се забите (го скокоткав и отвори устата и ги видов)
Баш прееска го правев муабетот со мајка ми за малата. Дека откако никнаа петкиве колку е покротка. Мака си имал и он. Ќе му мине и него, од сега само подобро.
Море уште некој ден ке биде ваков, само шпицови околу се никнати, средината е уште под небце... ама бар знам зашто е ваков да не го караме...
Шпицасти се? После кецови идат двојки, па четворки, после тројките. Најверојатно двојки се, малку пораздалечени.
Не знам @Annath не ми изгледаат како шпицести , туку што пробиваат, ама има бааги простор од кецовите, Кецовите уште растат некаде до половина се мислам, незнам како да објаснам ама ми изгледаат како широчки плочки дека ќе бидат. Скроз сум збунета. Незнам сега овие што се, ама за двојки не ми изгледаат