Две запчиња минатиот викенд си доби малечково... Двете долни единички наеднаш пробија, сега чудно му е. Скоро девет месеци има, брат му порано вадеше заби, со помалку мака.
Им давате нешто на бебињата ако се мн нервозни и плачливи? Кај нас трет ден со пиштење ептен. Гледам дека е непцето набабрено, инаку за први заби се работи. Денеска прави 5м , а само гингагел му ставаме по неколку пати во денот
И ние пробавме секаков гел не сум сигурна дека баш му помогна само повеќе гушкање утеха назалост неможе да се помогне а ние баш видовме мака.
Има ли логика после првите единици долу да му раснат двојки горе? Набабрени му се поприлично за разлика од единиците...
Ги имаме долните кецови Дете овие 3 дена се убива од плачење и цело време гледам кај горните кецови нема ништо Денес случајно видов долу двојка кај и да е ке излезе можно е така или?
Мајки дали може од забчиња да повраќа, или е стомачен вирус? Веќе две недели сме секој втор, трет ден со тт до кај 38.2-3, бевме пред две недели на дежурен, к.слика океј, викаат заби, и матичниот исто. Постојано сме со гасови, синоќа ми поврати обилно два пати, еве сега пак, мешето нон стоп му кркори, беба нервозна, нема пролив, си јаде нормално. Педијатарот вика 2 - ки горе излагале (двата кеца доле ги имаме).. Во дилема сум дали се заби или вирус (да е стомачен вирус би требало да повраќа почесто), се викенд не спотерува
има доста стомачни вируси периодов не би рекла дека е од заби направете крвна слика,давај диетална храна и електролити.Ке помине
Мајки ние имаме две единици горе две единици доле и двојките се комплет излезени.Веќе недела дена сме со плачки лигавење а еве трет ден скоро ич не јаде еден оброк ретко два.Мене ме плаши што приметив дека му е отечено местото кај едната единица па дури до двојката можно ли е да е од четворки ако излегуваат или тројки небитно да е целото место отечено или да го носам на лекар да го џирнат.Мене не ми се носи ради тоа што се амбулантите полни со болни дечиња од вируси има ли некој вакво искуство два три дена е отечено
Како му е отечено, кај единицата, горе наде неа? Нема шанси кај единицата да отекува ако излегуваат бочни заби. Да не има расипан заб детето?
Горе е малку отечено не како гнојче и топче да се створи него непцето е спуштено малку надоле накај забчето повеќе е отечено измеѓу единицата и двојката долу не скроз горе кај забот офф зарем на годинка може да се расипе забчето вака бело му е не приметувам дека е расипано
Да не му има нешто влезено меѓу забите па да го иритира? Одете на забар да го ѕирне ако дозволи. Земи метиленско плаво од аптека, па премачкувај со тоа за дезинфекција.
И јас си помислив тоа или да не го повредил со некоја играчка бидејќи се бутка во уста фала ти на совет ќе го премачкам а на забар незнам како би оделе не ми дозволува никако јас да му видам а камо ли пипнам
Конечно на 3г.2м. завршивме со вадење на сите 5-ки и може да влеземе во гинисова книга на рекорди за најдолго вадење на заби Првото запче го изваде релативно касно на 10,5 месеци и нормално цела процедура околу излегување на другите заби се одолговлекува. Сите четири 5-ките ги вадеше ЕДНА ГОДИНА Една петка целосно и излегуваше 3 месеци, не знам дали вака е кај сите или само мојата ѕверка е посебна, ама знам дека забите душа ни извадија 2 и кусур години Мислам дека од сега полесно ќе се диши и дење и ноќе
Kako gi miete prvite zapcinja? Nie sme 9+ maednas ni izlegoa 4 zapcinja edno po drugo, e sega kako se odrzuva nivnata higiena? nekoi velat so gazicka namotana na prstot i destilirana voda da i gi pominuvam, nekoi velat samo so bebeska cetka za zabi bez pasta....?