Женски бебе е 3 месеци,од пред една недела ги става рацете во уста и се лигави,плус нервозен е.Му приметив горе кај двојката како бела точка и малку набабрено.Можно ли е да вади заб,па дури двојка горе???Плус почна почесто да бљуцка,има врска тоа со вадење запчиња???
Се е можно а и не мора да значи дека сега ќе извади. Симптомите можат со месеци да траат. Земи на фризидерм гелче многу ми помогна мене, исто така глодалка и килибарно герданче.
Majki dali koga rastat zabcinjata( nas ni se probija dvete dolni po malku) tece noseto I kasla bebus ili se raboti za nastinka?
Ќерка ми секогаш кога вадеше заби и течеше носето, а не беше настината. Чудно беше, незнам зошто така.
Неможам да ги сликам забите да видите.. ние немавме мака сп заби ама еве тројките ни прават голем проблем..јас до сега сум видела дитно излезен заб. А овие се гледад бели странично, цел заб се гледа мислис странично че.му излезат.. дали тоа е нормално? Имаше температура три дена и нервозен о плаче скоро дна недела, искуства до кога може да бидевака
Mами бебето ми е скоро 4 месеци, два дена е многу плачлив нервозен, ги пика рачињата во уста, цело време сака во раце, има на долната вилица како набабрено непце со бело можно ли е да вади запче? Што да превземам?
Мајки колку време им пробиваа четворките на вашите малечки можно ли е две недели да не спиеме навечер не дозволува да видам мислам дека е отечено на едно место кај четворката.Нит јаде нит спие лигавчиња на пола саат менуваме.Колку долго може да трае?
Индивидуално е, никој не може да каже колку ќе трае. А ќе трае додека да избие забот, после пак одново со друго запче. Така некаде се до 2, 2 и пол години, додека изникнат сите заби. Мака е, ама мора да се издржи.
Значи стварно е мака не е спиен асално две недели тек денес почна да јаде може малце му потпомина болката,кога ќе чујам дека на некои дечиња преку ноќ им излегуваат забчиња се чудам како.Се тешам со тоа дека има полошо барем температура и пролив сме немале инаку за секое забче имаме мака од единиците до сега.
На бебушка и се наѕира забче, вака не е нешто којзнае колку раздразлива освен што има пролив и малку се поремети ноќното спиење. Воглавном е добра. Нешто на природна база за мачкање на непца ако некоја користела да сподели?
Мојот сеа ги вади долните два ќеца. Не јаде каши и е ептен кенкав преку ден и навечер. Иначе е 6+мес. Има и килибарно ѓерданче, од Зегин све што има од гелови земав и ништо не помага џабе фрлени пари. Тоа е тоа, некој ги вадат без мака некој со мака. Природен процес и ништо не помага. Некош му ги премачкувам непцата со Кокосово ладно цедено нерафинирано масло ама па мислм дека исто нема промена. Али ете пробај може кај вас ќе помогне. Со лесно вадењето да ви е забчиња и сите да се бисерно бели.
Здраво мамички 3+ сме. Синко е со рачињата во уста ( постојано) од 2 месеци, но сега се лигави, нервозен е претерано, вришти и што уште не, купивме килибарно ѓерданче, ја купивме софи жирафата, но сеуште е нервозен,... Ве молам да ми кажете трета опција како би можела да му помогнам...
Според мене килибарното ѓерданче нема никаков ефект, период е низ кој секое бебе мора да помине, е сега кај некое полесно, кај друго потешко излегуваат. Давај му ја глодалката, и јас би ти препорачала да земеш од тие што се како со вода полни, се става во фрижидер да се излади и му ја даваш на бебето да ја гризи, од ладното ке му се смири непцето малце, нам ни помогна колку-толку.
Nas ni izleglo zabce po dvete edinici dole sega dvojka gore.kazuvajte dobar mast za zabi.Detevo ima I temperatura I place
Мојата е 3 ипол месеци Ги пика рацете во уста или ке ми го земе едниот прст и ке го пика во уста а бело и се покажува нас непцата.и да прашам дали е нормално бебе од 3 ипол месеци да легне во 6-7 а да стане во 6 наутро и преку ден да спие преку сила 1 саат?
Првите два ќеца доле ги поминавме со тт до 38,9 и неспиење и плачење. Еве сеа горните ги вади ама само нос му тече и само се надевам нема пак тт. Овој сируп по препорака на педијатарот го земав и го давав и му помогна за тт. Сега пак го купив и ми стои секад за недај Боже. Само од отварање има рок од 3недели или 1мес не памтам па се фрла. И сируп па и било што не се дава ако е тт до 38.5°С. Само кога е над 38.5°С можеш да дадеш. Зашто оставаш организмот сам да се избори, во спротивно ќе се напраи контра ефект па во иднина организмит т.е. леукоцитите ќе станат мрзливи и нема да се борат со вируси, настинки итн. има мерилица внатре и колку кг е бебе толку полниш во мерилицата од сирупот. Со лесно вадење заби и сите бисерно бели да се
јас ни еден антипирептик немам фрлено после три недели.Не пишува ни на самото упатство колку да се држи отворено.Само антибиотик не се држи отворен повеќе од 14 дена