На самиот Ефералган си е потенцирано после отварање да се користи само 3 недели. Според ова фрлам. Сепак не би експериментирала на дете.
Јас ова го разбирам 3 недели да стои отворен на собна температура. А во фрижидер колку може да стои отворен?
Јас овој го земам баш затоа што најдолго трае од сите антипиретици на база на парацетамол (ефикасен е додуша кај моиве, фала Богу), а во фрижидер ми стои додека да се потроши. Ова како рок на траење од три недели е за собна температура, а јас не чувам сирупи надвор од фрижидер. Блокмакс знам дека трае три месеци од отворање, небитно каде и како се чува. За Ефералганот ме изненадува искрено, го користам уште од пред 6 години, никогаш не пишувало дека има ограничен рок на употреба после отворањето, а на сите други пишува. Баш ќе проверам дома.
Само ова е наведено 3 недели од отварање на собна тт. Нигде нема наведено дали може да се чува во фрижидер и искрено затоа и го фрлив претходниот сируп иако беше скоро цел. Во аптека ми кажаа да го чувам неотворен на собна тт како и они што ги чуваат во фјоки и на рафтови. Еве го гледам упатството и нигде не е нагласен начинот на чување после отварање. Само е нагласено тоа што сликнав. Нема нигде на упатството за начин на чување од отварање. Само нагласено е 3 недели од отварање на собна тт да се фрли. @Annath еве ги двете упатства 3недели од отварање да се фрли сирупот и на собна тт да се чува. Нигде не стои да се чува во фрижидер од отварање. Доколку не е отворен сирупот да се чува до рокот на употреба означен на кутијата. Еве....затоа ме збуни со тоа дека може и подолго да се чува од отварање. Но, сепак не би ризикувала некако шубе ми е за бебе/дете. Да е за мене ич не се замарам Инаку сирупов ептен му помогна минатиот пат, па и вкусот му е убав со мерак го испи
А Ефералганот го има во продажба? Порано го користев за ќерка ми ама го повлекоа од продажба не знаев дека пак го има. А за запчињата синко е 8 и пол месеци и сеуште нема запче. Чекаме ама никако да излезе.
Majki vo red li e prvi zabcinja dole edinici ni porasnaa a sega gore levo dvojka ni se pokaza.Nemame gore edinici.
И ние еве неколку дена не сме спиени. 5 ипол месеци сме. Пред некој ден качи тт 38.2 му се симна и толку. Многу е нервозен само кенка, а ноќеска се буди на пола саат. Денеска почна и да поткашлува и носето да му тече. Докторката рече нема ништо сигурно е од забите. Купив гел за непца ама нема некаква промена. Ќе издржиме додека да никнат
Мајки, по колку време траат нервозите и будењето на вечер од вадењето запчиња? На ќерка ми и излегуваат двете единици долу. Дали е секогаш така за сите запчиња или понатаму поминуваат полесно?
нас еве 2чињава доле сакат да пробиват мисл дека ќе од вчера вчера цел ден не заспа денес спиеше ама нервоза не гелови не чуда нишо не помага глода и мава све а јас единиците ми ги извади пред месец на 6 мес доста лесно не ги ни сетивме сега со овие ми наплаќа до кога ќе трае и за останати како ќе е сите се различни
Кај нас веќе цела недела трае неспиењето на вечер, пола саат не поминал и разбудена е. Затоа и прашав до кога трае бидејќи и јас сум како тебе
Некои мачкаат многу малце на непцињата и бело вино и јас пробав на моето кога ептен го фаќа нервоза и навистина делува смирувачки, и немавме никакви несакани ефекти да напоменам
Dur ne gi izvadi site ke ima nervozi, sekako so prekini izmegu. Nie ne gi ni setivme dolnite edinici, ama gornite edinici i dvojki epten macno gi izvadi. Za 4ki i 3ki uste sega strav me faka.
Мене ме интересира дали при вадење на првите запчиња јазикот им беше поцрвено на врвчето??јас сеа приметив кај моето бебе ме фаќа страв да не си наорави рана на јазикот и да не го боли. Совет?
Бебуш ми е многу кенкав, со растечен нос, имаме 6+. Можно е да се запчиња? Зашто нонстоп пика во уста прсти. А и да прашам маж ми многу тешко извадил прв заб, со висока тт. Можно е и ќерка ми така да вади како него или нема врска тоа? Од тоа многу стравувам.
Можно е. А за другото нема врска. Јас првите сум ги извадила со 40 тт, а на беба кога излегоа првите не ни осетивме. Исто и за наредните немаше тт, само нервоза и нејадење. И неспиење