нас грчки педијатар на полни 4 месеци ни рече дека е готово запчето да излези. а син ми од 3 месеци е многу нервозен цели тупаници пикаше вуста сега некако е помирен се пика вуста и уште е нервозен ама то запчето веќе историско стана...
И на нас долните единици ни излегоа,не е битно кога само мака да не се види ,малиов беше нервозен цела недела но за срека не крена температура а кога видов дека двете одеднаш му излегле се зачудив . Епа ајде на сутлијаш,таков адет слушнав за првите запчиња требало да се направи и да се послужат најблиските.
Да и ние немавме температура , ни некои промени .. обично како и секој ден , два дена одбиваше да спие денско време ама се среди .. Ајде и кај мене на сутлијаш , ке го терам мм да прави денес
Абе мамички, искуства некои од килибарните герданчиња??? Пред некој ден AngelOfArt кажа дека се ептен задоволни од него, но дали им се потрефило така или кај сите кои ги користат е истиот ефект? Јас лично многу верувам во моќта на килибарот, но би сакала да слушнам и ваши искуства.
Meu пак јас ама сакав да кажам уште еден случај. Другарка имаа исто ко на внука ми, им се скрши и некој период не го користеа, додека да им стигне новото дека они го нарачуваа од Германија, поефтинко доста им го носеа, за 10евра мислам, првата ноќ кога го извадиле ајде де, ама после тоа детево едвај спиело од нервоза, само што го ставиле герданчето детето се смирило, истата вечер цела вечер си спиело и одма почувствувале ефект. Исто се има десено и кај нас, и мислам дека како што е зверов наш сега бесен ќе треба да и го вратиме назад, иначе живи ќе не изеде Јас кога ќе имам бебе ќе го набавам уште пред да се породам, од раѓање ќе го ставам, ни кажаа во Бебе Слинг дека може, не шкоди. Инаку уште нешто за килибарот, не се зимало на користење од друг, демек секое герданче си ја впива енергијата од новороденчето и нема да делува на друго бебенце.
Значи сериозно да почнам да размислувам да го купам. Сакав јас , но незнаев од која возраст се користи. Јас имам неколку пара килибарни обетки, но никогаш не сум ги носела доволно долго за да знам дали реагира нешто или не. А за тоа дека ја впива енергијата , не само килибарот, туку со секој полудраг камен е така. Готово, ќе го набавиме кај и да е.
да стварно се ефикасни...нас ни го донесоа од франција по нарачка чист килибар и го носи од 3 месеци кога почнаа симптомите за заби и еве до ден денес го носи постојано и задоволни сме по две запчиња наеднаш ми вади и немаме мака
здраво мамички. имаме еден проблем..ќерка ми има 1 година и 7 месеци , и на забчињата има како кафеави флеки и (шо би рекол мажми) дупчиња на горните предни заби. пие многу чај од Хип, јаде чоколадо до душа се си јади уште од 5 месеци али досега немавме забележано кафеаво на забчињата. На стоматолог не мојме да ојм зш коси кубат и вриштит кога ќе го видит па некој нека дај било каков совет, помош, идеа....се е од косист. p.s Hristos Voskrese za mnogu godinin da ni e!
Девојки дали знаете од каде можам да купам ланче од килибар за првите запчиња..? Во Прилеп каде поточно можам да најдам? Ве молам побрзо итно ми е...
bebe/kilibarno-gerdance-t12693/30.html Побарај во аптеки треба да има. Ние го купивме од Beauty shop, исконтактирај ги, може имаат претставници во Прилеп. http://www.beautyshop.com.mk/
Еве и ние да се пријавиме со нашите први забчиња, веќе една цела недела како ни никнаа првите забчиња долу Немавме некоја тешкотија освен малку кенкавост која и уште ја имаме и гризаме се што ни дојде при рака
Честито Калиас, да и бидат сите здрави и бели како бисерчиња. И нас ни никнаа двете доле, па исти сме, без проблеми помина целата работа, само малце шмрчкање со носето и проливче. Да си прашам...одкога ќе избијат запчињата колку време поминува додека да пораснат цели...? Редактирав и ова за да прашам...прочитав поназад во темава Annath напишала за четкички за заби,кои се користат уште од првото запче. Да ми помогнете од каде се купуваат овие четки (ваљда од аптека ама ај да прашам), и како да ги барам, по возраст или...какви се гумени или...? Лелел еден куп прашања поставив
Имаш четкички во сите аптеки и поголеми маркети. Си пишува на нив за која возраст се, обично се малечки, со меки влакненца. Има и четкички кои се комбинирани, т.е од едната страна е четкичка, од другата страна е глодалка и е многу корисна после никнењето на првите запчиња, ем да се мијат, ем да си ги чешка непцата.
Silk фала , исто и на вас нека им се здрави,прави и цврсти само. Инаку прв пат читам сега од вас дека уште од првите забчиња се купуваат четкички за заби, па нели се мали и како што треба не им се изникнати забчињата? И со какава паста за заби има ли и посебна паста за бебиња за миење? А да прашам во всрка со забите, да не одам во друга тема сега, за гел за жлебинките за ублажување на болките кој и каков користите и има ли фајде? Мене деновиве ми беше кенкав така на моменти и гризеше се пред него и го болеа се гледаше и не знам дали да му купам некој гел ама да не е само моментално дејството и после пак старата песна? Вчера прашав во аптека тука во Гр.има еден гел 8 евра е, па не знам во Мк колку се движат? Ако знаете и препорачајте ми некој ќе порачам да ми донесат...
Калиас па викаат дека треба да се мијат запчињата уште од првото запче за да не се расипат нели...а плус и со самото четкање се пробиваат и другите запчиња полесно. За паста не се користи никаква, само со четка.Прочитав некои и само со газичка замотана на прст и натопена со вода им ги миеле запчињата. За гел ние имаме земено Dentinox-Gel N и јас сум презадоволна, баш убаво и делува на малата, така е како ментол, лади и воедно ги ублажува болките,па кога ќе и намачкам како препородена е. Гледам дека е германски гелов па сигурно и во Грција го има. Иначе кај нас е 260 денари, е таму незнам колку би бил...ако не нека ти го пратат од овде.