Дали е можно да почнат да растат запчиња уште во 4ти месец и како да им го олесниме тој процес на бебињата?
Синко ја има оваа точка и црвено е од околу Е сеа незнам дали ке имаме забче дека не е кај кецовите него до нив и башка 2ипол месеци е Да не е нешто друго Се гледа малку на сликата па ако може некој да каже
Најсоодветна тема за она што ми требат.. Што мислите за оваа https://www.facebook.com/Mafibit/... Сакам да порачам колаченца од тука ... Дали некоја има искуство со нив
Сликиве на странава не се нејзини, се се од интернет, јас оттука не би нарачувала. Може да е ова онаа битолчанката што зезна многу жени на фб. Моја препорака ти се Нешто убаво на фб, еве линк https://www.facebook.com/neshtoubavocookies/
Па она што направила не личело воопшто на сликите што се ставени, и не прифаќала рекламација. Ги блокирала сите веднаш штом ќе им ја испратела нарачката, а ужасно спакувани. Ајде да се надеваме дека не е таа...
Еве јас што правев за нашето прво запче. Тесто за турте и ајс ројал сама правев. Се трудев најдобро што можам да исцртам. Калапче сама направив, исправав жица од еден калап па ја виткав на ново да направам запче. Импровизации колку сакаш. Инаку на 6 мес му искочи првото запче. Сега на речиси 10, имаме 6.
Исто и кај нас 5 и пол Убави се многу... Јас многу се двоумев дали сама да пробам и на крај се одлучив да порачам
Јас од мерак сама правев, а и мислам дека нема овде каде да порачам, овдешниве вакви адети немаат. Они прв роденден слават кога ќе стигнат и без свеќичка... Сите биле оптеретени со свеќата кога ќе се дувала, а бебето секако ништо не разбира. Теории невидени и нечуени до сега имаат. Торта готова од лидл за роденден купуваат и тоа е тоа.
Eте.... Само што ги зедов ... Баш како што кажа ... Ужасни се, а ке ви покажам и слика покасно..... Леле ми се плаче ..... А фино прашав, дали тие на сликата се нивна изработка ... Ужас . .
Леле, како не го видов мислењето порано, да те предупредев со време. Таа жена често менува профили и имиња на фб, ги лаже луѓето. Се гледа дека сликите се од нет позајмени. Баш ми е жал што така испадна. Воопшто не работи убаво. Налет парите, ама го упропастува моментот...
Тоа е најболно, ги прежалив парите, ама ми го уништи денот ... Лелеее еве ииме блокира.... Леле зошто не те послушав па бар фа нр ги подигнев од каргото....
Штом така прави да и порачам многу,нека се отепа од работа и нема да и ги земам. Или однапред се плака?
Нееее се плака од напред, мене по карго ми ги прати ... Платив кога ги подигнав ... Леле во шок сум, најискрено да ви кажам
И јас се изнервирав. Да и порачаме и да не ги подигнеме? Ако нема и на фемина некој профил па да го чита ова! Зошто постојат такви особи???
А ке ви ги сликам и колачињата покасно, ги скрив од сопругот ... Се лутеше да не порачувам, ама мене ми беше мерак ептен, утре благ ориз ке правиме ... И на крај еве што ме снајде ... 0