Може и како паста да се користи, не се измива. Ама после годинка, порано нема потреба, доволно е четка и вода. Битно е детето да нема алергија на млеко и млечни протеини. Јас ја користам за двајцата, кај малото како паста за заби, кај големиот за премачкување на новите заби што му растат после регуларното миење со четка и соодветна паста за возраста.
Ова е корисна информација, ние баш на тоа и сме алергични. Додуша уште нема забче ама да си знаеме пред време. Има ли други што децата им се 10месеци а уште немаат забче? Од кога го чекаме, лиги колку сакаш и никако да излезе
Ќе излезе, не се грижи. Кај внука ми после година почнаа да растат забите. Не е единствен случај, ги има многу. Мој став е подобро подоцна, отколку прерано.
Мојата се лигави од неполни два месеци, цела куќа со лигавчиња ми е Ама абер нема уште, мада и рано е, 5 месеци е. Ама не можам да опишам колку се лигави, секој ден мислам се повеќе е. Особено па кога јаде кашички, пола каша голта, пола лиги
Пастата има природен калциум екстрахиран од кравјо млеко колку што читав, затоа треба да се внимава кај деца со алергии.
Осетив како да грепка сабајле. Да стане сега и пак ќе проверам. И на цицање како да ме грепкаше. Мислев не е заб
@Annath да те прашам. Дали е можно први да излезат горни двојки? Имаме единици горе и долу, ама долните двојки абер немаат, само горе
Еве и ние сме скоро 10 месеци, без недела , немаме запче уште. Долу двата кеца ни се подуени веќе две три недели. Лигушки немаме нешто мн, дури и немаме, единствено ко ќе брмчиме. Ниту па гризит нешто посебно.. Ќе си почекаме трпеливо. Најбитно е со лесно да си ги ваѓет
10+сме. Уште нема ни едно запче. Долните единици само набабриле. Ми кажа една пријателка во гтц имало некоја хомеопатска аптека и се продавале мали апчињана природна база кои се растварале во вода. Се давале пред да никнат запчиња и после детето немало никаква мака. Дали некој користел такво нешто?
Има тука во Германија едни осанит се викаат ама нас ни е рано за да ти кажам дали имаат ефект иначе така се ставаат во уста не се раствораат во вода. Дали се истите незнам ептен се ситни, ги имам дома ама уште не сум дала.
На малото изгледа му искача запче Скоро 11 месеци е. Дали треба мачкам со гел за непцата или не? До сега не сум мачкала ништо. @Annath