И кај синко немаше на 8 заб на повидок, па одеднаш изникнат заб видовме. Инаку никој без заби не останал. На другарка моја на година синчето прво запче извади
Бебка има запче! Ѕирка бело на долниот кец и гребка Само што направивме 6 месеци пред некој ден, не мислев дека волку рано ќе почне да вади заби, сонце на мајка Лесно пројдовме, без никакви симптоми, нормално се однесуваше
Зарипнат глас можно ли е да е симптом за вадење заби? Се си мислам прочитав негде. Еве го неколку дена де зарипнат де не. Знае и да се закашла па го однесов на лекар. Грло добро, гради добри. Чекаме резултати од брисеви. А баш деновиве пак почна да става раце во уста и да се лигави.
Bebco moj zapce na 4+ malo belko tockice,a ja pa se si mislam kakvi zabi rano e. Bitno so lesno pomina.
Нам ни излезе забче на 7+ месеци...и тоа цел викенд температура 39, преглед на педијатар уредна крвна слика, и после два дена првото забче излезе.. сега сакам да наоравам колачиња и сум цо скопје а незнам каде може да најдам калапи за забче..знаете ли цо јумбо дали ги има..
@karibian моето цела година се лигавеше,де нервозна,не јаде,не пие Секоја недела му велев на мм сигурно е забче Точно на годинка го извади првото,не ни осетивме
Кај првата ќеркичка ептен школски и лесно поминавме со вадење заби, почнавме од 7+ без температури нервози или промени во рутините. Но со втората ќеркичка мислам без памет останавме сите . Многу рано уште на 4+ почнаа да никнуваат и тоа 2 , и се така во пар нови излегуваа. Нервозно до бесвест , вриштење пиштење во спиење преку ден , дијареа , повраќање... Сите рутини целосно се нарушија , престана да јаде практично живееше само на АД . До година и некој месец ги нареди забите , никакви гелови не ни беа од помош ... И отпосле пак ништо не сакаше повеќе од храна , дури ни оброците кои веќе ги воведовме .Па еве уште мака мачиме со исхраната , грицки слаткиши сокови тоа ништо никако ниту е пробала ниту бара . И сега молиме бога со маж ми третото да биде како првото , Оти ако биде како второт печени сме за неврологија! Дијагноза : пост никнувачко растројство од растење заби
Дунде има запче Грепка на прст и тропка на лажиче. Едвај го видов, мирна не седи две бели точки Мене солзи од среќа ми дојдоа Ај сега кажете од каде да порачам "запчиња"
Нека и се редат лесно малите бисерчиња на бебушка.. Малава моја го извади и шестото запче јас нарачав од Охрид, преубаво работи жената, еве ти контакт од неа од фб, пиши и ако те бендиса, иако многу се чека на ред, но можи ќе најдеш слободен термин Еве ги нашите колачиња,запчиња од пред 3 месеци.