И јас од Медена порачав. Беше недела сабајле а утредента тргавме за на одмор, па сакав за одма. Се нафати жената да ги направи и биднаа за вечерта. Ама многу касно, па уште кога ми рече до Ченто да идеме... и демек абе ти кажав уште прееска. Бебе заспа уште пред тато да ги донесе . Ревју и мене ми бараше, не знам зошто ама одма снемувам желба кога бараат така. Иначе и изглед и вкус си беше на место. Што купивте за подарок?
Нас ни излагаат горе 4 запчиња одеднаш. На сите се гледа бело, цело запче под непце, ама не се напипува врвче. Ноќе се буди на пола саат, кенка, ја зимам се смирува и пак во круг... Се плашам кога е вака дека нема пак да спие по цела ноќ...две недели саат време сон не сум врзала. Ни до мене на кревет неќе да спие. А задутре ноќта тргаме на одмор.... Не памтам за кецовите доле колку време и требаше...ваљда ќе избијат деновиве м?
Секој заб различно. Имаш пробано со гелче или бело вино?Јас пробував со гел Камистад и се откажав, како да не помагаше воопшто, а со тек на време се навикнав на тоа будење на пола саат. Може и парацематол против болка, но сепак прво консултација со педијатар. Педијатарот ми рече за парацетамол ама искрено немам дадено. Гелче неколку пати ставив а со бело вино страв ми беше. На одмор можеби ќе спие поубаво. Убаво да си поминете на одмор! Да одмориш! Заборавам колкаво ти е детето. Јас на моево 16+ од скоро давам четка за заби од 0 до 2 години за да ги чешка непцата и приметувам доста смирена е со неа. Можеш да ја ставиш во фрижидер па да ја дадеш. Не мора баш тоа туку било каков предмет. Глодалка никогаш не сакаше малава џабе се трудевме.
11+ е и ставам гелче, мундисал. Сируп само ако е ептен вознемирена ако плаче без прекин со одобрение од доктор секако. Има и четка, ама не ја сака сега, за првите да. Она не плаче, само промрдува прокенкува, ја земам се смирува... Вино пробав ама мојава пијандура го лиже и не стаив више хахха... Си спиеше по цела ноќ. Тоа ме плаши.. Башка и се одби ноќе од цицање...цица само за спиење. Се надевам ќе избијат и ќе се врати у нормала.
Имам читано еден текст. Таман кога ќе помислите дека фативте некој ред и вашето дете ја преспива цела ноќ се појавува нов проблем- првите забчиња. Не се сеќавам точно ама и малава спиеше цела ноќ (цицаше во 04.00 и продолжуваше да спие) па два месеци плачеше кенкаше на пола саат и се појави првото запче. Уште 8 ни фалат сега на 16+ ама се навикнав на тоа веќе нормално ми е. Баш тој период се чудев тука како сите мајки се жалат дека не им спијат децата а моето преспива цела ноќ и наспана бев. Ама само период било тоа. И се останато. Едно ќе помине друго ќе дојде. Кога си до него ништо не го боли. Мајката е лек за се.
Majki gelce nekoe spomnavte grcki za nepcata zaboraviv Koja Tema bese, kako se vika gelot I efikasen e?
Јас да се јавам, дур ние цело време ги гледаме забите горе, само збориме глеј како се гледаат сите 4 запчиња, таа извадила двојка доле. А ние само горе ја мачкавме мислејки тоа е тоа Ќе бидат и тие кај и да е.
Ни израсна првото забче Каде да купам калапче за правење колачиња во форма на заб?сакам да му направам сама ама незнам каде има. Иначе нова сум ама ве читам подолго време и многу совети од тука имам применето.
Нема за заб, ќе си купиш срце и ќе засекнеш долу како запче да излезе ( барем јас не сум видела таков калап).
Мајки здраво...Бебе е 8+ а сеуште има само две забчиња доле. Нели до сега требаше да извади уште некое? Педијатарот вели нема простор за паника, дури и ми се изнасмеа, а јас сеуште блендирам се што јаде. И ете едно подпрашање...до кога ја блендиравте вие храната?