Ние имаме и 2 4ки. Се измачи значи детево. 7 заби за 2 недели. Идемо даљееее. А неподнослива е веќе 2 месеци.
Било која без флуор, додека детето не научи да плука. Реално, најбитно е четкањето да биде како што треба, пастата е само бонус. Јас лично за малово ја користам тут мус како паста за заби, а за големиот (7 години) Лакалут за мешани заби, со флуор. Задоволна сум од двете.
http://www.stomatolog.com.mk/index.php?nka=mlecni_zabi Ovde ima slika za rasporedot na rastenje na zabite i nivna promena ... mozebi ke ve interesira
И мојава два месеци е лудило, подуено и е мн време, но абер нема да пробијат... 11м скоро е, ни едно забче нема кога ке се изнаредат сите одеднаш
И да знаеш дека сите одеднаш ќе излезат. Оно не знаеш како е боље, првите со тт, сега и болна и заби нема тт ама затоа нема ни спиење. Него вчера почна да чкрипи со заби, па ај на забарот јавување, се смеам нормално е или да тепам. Тој се смее вика многу заби одеднаш чудно и е и може ја боли. Деновиве треба и јас да одам, зошто буквално сите ми се за праење и ќе ја ѕирне и неа. Со време да си почнеме хахахаха.
И синчето шкрипеше, а сум чула и други да шкрипеле. Мене чудно ми е синко до 7м имаше 6 заби, а на 1год веќе 12, без да осетиме ги извади. Малава леле мајко, еве цела ноќ не сме спиени, дури и вода и тече од носот, 37.2 тт шашава, цела ноќ ке заспиеше па ке вриштеше одеднаш... а без цуцла па неможе, и ја давам назад цуцлата ја зима ја гризе ја врти и плаче, сака да ја цуца, а неможе од што ја боли Мачкам гелче, ама некако никаков ефект. Збрлавевме цела ноќ, па и синчето ми го разбуди, весело беше... едно време си реков дали да дадам далерон, парацетамол, блокмакс за болката... давате за болка така сируп? Зашто освен за температура над 38.5, за др не сум дала сируп... Инаку надуена е и горе и доле
Јас знам да и дадам за болка парацетамол пред спиење, баш од истите причини. Будење ептен често пропратено со плачење мн. Од Парацетамолот колку толку помирна е и ќе се наспиет. Една вечер во 2 и дадовме, спиеше ко бајче до 7 утрото а дотогаш на пола саат бѕдење. Сега ни излезе и вториот кец горе па сме помирни а долните кецови ни беа два месеци подуени пред да излезат.
Сум дала и јас далерон. Плачење без престан 2 часа и со рачето се удираше по уста. Потоа спиеше мирно до сабајлето.
Прочитав неколку пати низ темава прашуваат за герданче... Јас многу истражував и размислував за килибарно герданче. Според различните искуства на многу мајки дојдов до заклучок дека нема ефект и потреба од него. Туку дека како ќе излезат забите си зависи од секое дете различно.И не згрешив! Ќерка ми (за среќа) првите два долу одеднаш ги извади “преку ноќ”. На 2-3 дена пред да наполни 7 месеци. Ниту плакање, ниту тмпертури, отоци... ништо од проблеми. Единствено си глодаше глодалки итензивно еден месец порано. Забележавме по звукот од забите кога гриза, и кога проверивме две се осеќаа на допир и едвај видливи две линии. Сеа сме 7 м и 3 недели, со горните малце е по нервозна моментално , понекогаш се буди ноќе со плакање , тоа трае 10тина мин....ама нема др проблеми. Ги чекаме со нетрпение На сите со лесно да им биде!
@mariz јас имав 10тина дена такви епизоди, ама потоа нигде запче на повидок Којзнае што ќе беше. Со дозвола на педијатар дадов сируп ама мислев од забите е, се смири и за пола саат заспа и убаво спиеше. Ама потоа ми беше страв да не е од забите и не дадов.Штом мислиш заби се-давај
Две ноќи по ред малата ми плаче во сон, ко да се жали нешто. Знам дека се заби, тројки вади. Да дадам нешто сируп може? Не сум спиена, главава ме боли многу.
За ѓерданчето, врска нема! Го имаме, го носи, ама ефект не видов никаков. Потешко вадење заби ни во сон не ми идеше. Од дете што убаво спиеше стана бебе што се буди пречесто и го гризе ќебето. Кенкава, нервозна! Ма два месеци 4 заба наеднаш излегуваа! Веќе излегоа, мада едната единица уште не е целосно излезена ама одма и се поврати расположениетои и пак спиеме нормално! 8 месеци е имаме 6 заби. Шкрипи со нив, смешна е! Туку реков нема ефект а уште го носи ѓерданот, ќе го вадам кога ќе стане од спиење. Големава не носеше ѓердан а забите ептен лесно ги извади!
За сируп баш прашав на доктор, викам нели викате над 38,5 а е и за болки. Вика да, индикација е или болка или тт. Јас давам, ама никогаш превентивно туку само ако ептен вришти. Инаку да, вриштење по цела ноќ, комшии слушаат. Ако ми веруваш два месеци дали сон врзував 15 минути. Се смири, и еве пак исто. Сега доле ќе вади четворки. Многу ми се видоа одеднаш. Која мака си ја има, јас се изнаплакав. Ништо не ја смирува и сирупот дејство само 1-2 саати. Мора да се издржи.
Заби се милион посто... не дава да ја допрам доле, а ако успеам со сила ја допрам надуено е леле мајко кај кецовите, дури и свекрва ми ја допрела и вика леле загреота ептен отечено е. Цел месец се повеќе и повеќе надуено, се гледа белиот заб дури под небце, што небца ке имаше Синко директ заб вадеше, ич не му отекуваа небцата вака @pandelka ке и дадам ако исто биде вечер, еве ја ни преку ден не спие и само плаче, кенка, млеко дали 30мл испи, лапнува пие голтка и одеднаш го фаќа го трга шишето го фрла од неа напред (ваљда ја боли од цуцлата), а кашички јаде.. Мрсули река, а вчера крвна слика правевме одлична е. Нз со овие симптоми веќе би требало за брзо да и избие А и за ѓерданот... купивме скоро нов, односно мм нешто се излажа и купи нов, а имаме од батко и, ама не требало од дете на дете слушнал и он, па дојде со нов ѓердан еден ден. Ми изгледаше помирна... ама еве ја го носи периодов, па не помага нешто баш. @snegulkata исто.. мн умно бебе беше, спиеше, јадеше, насмена и весела. А сега ништо не сака, не сака во џампер, не сака во дубак, ке ја спуштам доле со батко и со играчки, си игра и плаче, лази по мене и плаче, ке ја кренам, се тегне во раце да ја пуштам доле... Живче ја викам периодов
Исто сме и ние, шмрчкаме со носето цело време а мрсулчиња немаме. Крвна слика исто вчера праевме, супер ни е. А за јадење, само со молење, едвај 100 гр, а цице никогаш не одбиваме. Црвец, 9 кг имаме. Скептик сум и јас за герданчето, едноставно не верувам дека помага, се си зависи од детето.
сега баш на фб во една група ги читав жениве 80% од.коментарите беа дека бело вино било мајката ..да се оладело и.со прст да се измасираат непцата.. ни тт ни болки е сега малку не ми е јасно како алкохол не ми иде некако ама ете искуства па да споделам може на некој ќе помогне.. мислам рано ни е на нас 3.5 сме или не мора да значи..
Мојот само што влезе 6ти доле двата ги извади, пишав. Готови му се и двата горе ептен се познаваат подкожно Едното забче е веќе милимтарски надвор 7 и кусур месеци е сега Лесно помина, ни тт ни губење апетит, може мала нервоза само, лиги и чудни звуци на лигавење сега за горните. Баш ќе видиме за колку време скроз ќе пробијат