Да се редат како бисерчиња бели.. сакав да те прашам калапчето од кај го купивте нигде неможам да најдам ..
Можеш со срце калап да ги направиш, правиш засек доле со нож кај срцето и ете ти забче. Мојава скоро извади една 4ка (доле десно), на 15+м, така сега е со 4 кецови и една 4ка Лево другата кај и да е ке избие, скроз и е порасната, но под небце. Така и првата изби, одма како пукна небцето за ден имаше цел заб скроз израснат. Знак за двојки нема уште...
Бебе има забчееееееее Конечно проби вчера, на 7 месеци и некој ден, го чекаме и второто, апла набабренко е. Ме грицка,ме тегне(посебно коа цица) сака да покаже девојката дека пораснала веќе па и забче добила Викендов ќе се прават колачи, ќе ги споделам обавезно
леле, и кај нас исто - некни видов таму далеку нешто белко и си реков храна, сега гледам уште повеќе избил еден катник горе)) а имаме само кецови и една двоjка уште не доизлезена исто горе само од другава страна. Не знам оти вака без ред и излегуваат? Ај само нека е со лесно.
Еве и кај нас ѕирка прво запче, на недела до 5 месеци, кој да знае дека вака ќе се радувам на едно запче
Незнам, веќе се загрижив да не нема двојки.... и избива неа и втора четворка доле, а само со кецови е, двојки аш
@mariz не се секирај. На малата на кумата моја и пораснаа најпрво двојки горе, па четворки, па кецови. Смешки беше ко ќе се насмееше, без кецови, а двојки и четворки пораснати Ок си е сега, никнаа и кецовите подоцна. Нема строг ред, ќе си никнат двојчињата
се надевам ќе излезат сите на крај! а мажот ми ми вика сестра му немала една двојка :-/ и сега се замислив и јас.. значи може и така. ама нема што да се направи во секој случај па што ќе се секираме да им се здрави само
Не се грижи за млечните. Ќе никнат, а и да не никнат млечните ќе никнат трајните. Ја сум жив пример со горе две млечни 3ки,а доле без двојки. Околу 5тата година ме носеа на рентген панорамски и видоа дека трајните ги има сите. На местото од 2те 3ки идеше само една. Никогаш не сум имала проблем со заби, здрави и цврсти ми се, само имам малку размак горе од просторот од двете 3ки кај што излегла само една. Битно здрави се и на број и ред како што треба се.
Викам чекај да ја допрам по небцата малава, тоа горе двете 4ки скроз пораснати да биле а јас си мислам со една 4ка е само (доле таа). Па така сега е со три 4ки, последната кај и да е ке избие, цела е подуена но под небце. Сега се надевам ги чекаме прво 2ките, освен ако не биднат 3ки, па на крај 2киве како што тргнале
Здраво,да се смешам во муабетет. Имам бебе 5+ месеци. Пред некој ден почна да кашла и да му тече носето. Докторката рече дека не било настинка може да е зголемено лачење на плунката. Ми рекоа дека можно било да е запче.Имате искуство? Колку дена трае ова, бидејќи бебево не знае да кашла секој пат е како да се дави?
Ја отварам темава да прашам дали е нормално ова, па ја прочитав @mariz и добив одговор Една двојка, другата изби пред некој ден, боцка малку, а горе само побелени. Дете нервозно периодов, скроз не излуде, не знаеме што му е. Прееска јадеше смоки и се смееше и гледам таму позади нешто бело. Прво мислев да не е од смоките ама пикнав прст и боцка убаво. Далеку е, немам поима кое запче е, ваљда четворка. Тоа и пред двојката му излегло сигурно, јас дури сега приметив
Мојава со кецови и 4ки е само 16ипол месеци и нема знаци за другите сеуште Ми изгледа малку побелено горе кај двојки.. па ке видиме кога ке пораснат, тврдоглаво ова дете
Нас ни проби и горе заб. Е сега, ги чука горните и долните. Ги трие, не знам како да кажам. Ме ежи звукот, и лошо звучи. Некаков проблем е? И како да ја одучам од ова? 7ипол месеци е. @Annath