Сите го прават тоа, оти им е интересно кога ќе им излезат првите заби. Не и обрнувај внимание, би требало да престане сама.
Можно ли е на 3+ да вади заби или трипам? Уствари уште една недела полни 3+ Кај единиците доле му е малце набабрено, а преку непцата не горе туку хоризонтално му се проѕираат 2 запчиња. Некако многу е рано, ама ми ги има сите знаци. Пика се што ќе му дојде во уста, нервозен е веќе 3дена, се лигави и муцето дури му се нафрли. Некој со вакво искуство?
Од 2 и пол месеци така прави и моето, сега е 3 и пол, му се набабрени и непцата, се лигави но заби нема
Сите деца на три месечна возраст почнуваат да ги стават рацете во уста и да лигават. Не значи дека заби ќе им никнуваат.
Мариз мојата ги има сите кецови, една двојка и две четворки горе. Тие четворките горе кога ги видов веќе беа до пола пораснати. Ќе ѝ пораснат и двојките на твојата. Мојата на 16 месеци ниедно запче немаше
Малку ми е во мисла, зашто мм има братучед без двојки, а на кецови горни има она многу голем раздељак...вака како да има бело кај двојкиве, ама вака е со месеци белко... доле нема па ич бело, рамно е. Денес 17м прави. Мајка ми има ваков раздељак И изгледа и со сталните заби ке има раздалечено, зашто топчево што е доле меѓу забите, треба да е горе, баш ја анализирав и мајка ми пред некој ден Јадеше сега, се извинуваме за прљавото муце
Синчето има ама малку, а и скоро сите деца млечните им се раздвоени, ама ова кај малава цел заб е меѓу раздељак кога ке спои долни со горни, долните влегуваат меѓу горните
Вчера на бебево мое му никна првото запче на 4 мес, долниот кец. Сега кога да очекувам и другиот да никне за брзо или сепак поминува некое време?
Индивидуално е, кај бебе мое за некој ден гребна и другото, но нема правила. Да се нижат бели како бисери, сега прави си колачиња и тој што прв го видел да купи на бебе нешто златно
Кај малата за точно една недела излегоа двете запчиња, едно по друго Мислам дека најчесто е така,заедно излегуваат.
Ние сме смешки. Горе одеднаш и избија две двојки и еден кец прошлиот месец. Веќе убаво се гледаат, а другиот кец го нема. Дупка и стои. Смешна е многу.
Мајки малиот има 7ипол месеци и веќе две долни запчиња, е сега на долната вилица до кецовите забележувам како две големи топчиња како да ќе растат и двојките. Малиот веќе неколку дена не се трпи постојано е нервозен ништо не го интересира, само плаче, имавме фатено ред за спиење преку ден се ни се поремети, пика раце во уста, само штипе, мава ...можно ли е двојките да никнуваат толку рано а уште да не се искочени горните кецови?
Може да почне од 4 месеци, па на даље... Можда може и порано, јас најрано што сум чула околу 4 месеци заб да извадат.
Малава сега во среда ќе прави 3 месеци. Последниве 3,4 дена е многу нервозна, двете раце во уста ги става и гледам малку непцата долни и се потечени и тврди. Дали станува збор за заби или нешто друго е во прашање?