Се исправаат,меки се непцата кај децава. Ние сме феномен со забиве. На 9 месеци има 8 заби, 4 горе, 4 доле. И мислам подуени и се странично непцата кај 3ките и 4ките горе. Како да се гледаат веќе тргнале, побелени се. Ама од страна се гледаат, не доле т.е. доле не можам да видам,не ми дава. Можно е?
Мајки бебе веројатно ги вади горните запчиња, некако ко да ми е пробиено едното, долните веќе ги имаме, но ме мачи што покрај температура (макс. До 37. цела ноќ кашла и му течат мрсулчиња повремено. Можно ли е и ова да се знаци од запчињата или е настинка? Јас секако после 9 ќе и се јавам на матичнаата но се надевам и на побрз одговор овде
Здраво мајки во кој временски интервал вадевте запчиња? кај нас излегоа две на 1 година едвај,сега е 14+ и нема друго запче ниту пак е со некој изразени симтоми дека вади запче.
Не мора да има симптоми за вадење запче, има деца нема да ги приметиш дека вадат заб. Ние само се лигавевме, уште од 2 месеци, имаме 8 заби и уште се лигави.
Можно е, чим веќе ги има кецовите и двојките. Децава се чудо, така да се е можно.. некој побрзо, некој поспоро, битно растат забиве @queen007 и мојава касно вадеше заби, на година беше со едно забче доле. Сега е 18м и уште нема двојки доле, нема тројки, сега избиваат тек, додека синчето веќе со сите заби до 4ка беше на нејзина возраст, а на 20м веќе и 5ки му избиваа и до 2г и 5ки имаше.
3 ипол месеци сме...ни тргнуваат запчиња доле ...пред 2 недели ни кажа педијатарот но немавме којзнае колкави знаци...веке два дена плаче..спие по пол саат и ги лапа рачињата и се лигави..има некој искуство со толку рани забчиња? нешто да и олеснам некое чаре? мислам дека сме многу малечки...
женички видов некаде по мреживе реклама на глодалки во форма на цуцлиња кои помагаат за вадење на запчиња со препорака на стоматолог но неможам да ги најдам повторно...дали некоја знае каде има да сд купат? или барем слика од истите?
И ние сме 3 месеци и еднa неделa. Дoле нa две местa нaпред имa белo испaкнaтo. Нервoзнa е,сo рaце и се лигaви. Незнaм кaкo дa и пoмoгнaм
Дали е можно од вадење на 3 ( 1 е пробиена а 3 се на пат) да се крене висока тт до 40 степени и тоа сомо 1 ден да е со тт.Други симптоми нема исто така и крвна слика и урина во ред.Некој кој има има искуство со вадење тројки да сподели.Благодарам.
Здраво мамички мојата керкичка на 8 ми август ке има полни 3 месеци во четвртиот. Последните 2 недели многу лигави и ја става цела рака во уста дали е можно да и никнуваат запчиња? Да и слабо јаде ја хранам од шише и јаде многу малку и нервозна е се нервира дека цела рака не и влегува во уста,
Од 2-2пол месеци претежно прават така. Можеби почнал процесот, но првото запче да избие на 5 месеци. Не мора да значи дека ќе избие за неколку дена или месец туку дека процесот е почнат.
Почнала оралната фаза, така го осознава светот. Тоа што слабо и јаде веројатно е скок во развој. Но не е исклучена ни можноста да излезат запчиња.
веќе 3ноќи сме неспани...таа спие но многу лесно..се трга од града после две смкнувања..преку ден е мноооогу 》МНОГУ нервозна и лажливката наместо нормално ја цица половина пикната во уста со пластичниот дел и после 2 минути плаче..нема температура но многу помалку спие од што спиеше нормално(4пати, 3пати по 1ч а 1 два часа) ..сега спие 3пати на ден по 30мин ....5м и 3недели сме ..дали може да се запчињата и некое чаре?
На мојата ќеркичка на неполни 6 месеца извади 2 запчиња сега гледам и горе кај и да е ќе и никнаат.сега има 8месеца Многу е нервозна што фати става во уста многу се лигави ама знам дека е нормално тоа ја мачкам со маст ја смирува малку.
Моево синче на 6месеци извади наеднаш 2 забчиња, сега е 7+ уште 2 има долу, значи сите 4 се долу, горните единици се готови, цела недела е плачлив, многу нервозен, се пика в уста, ноќе е по цела ноќ на цицка, више пукнав
Ние на 4 месеци ги извадивме долните единици, на 6 горните, на 11 месеци горните двојки и една долу. Сега со полна годинка имаме 7 запчиња.
Мајки го добиме првото запче на 7месеци и 1 недела. Долниот лев кец.Освен кенкање и будење ноќе со плачење,други симптоми немавме. Воопшто не се лигавеше. Најверојатно поради пад на имунитет пред 2 недели ми имаше црвено грло и тт 3 дена по ред која најмногу до 38 одеше,вирусче некое. Излегувањето на запчето е најверојатно причината поради која не сака да јаде,туку ги пие кашите. Никако не дава да го допрам кај запчето или да го видиме,не отвара уста. Сигурно и другото ќе излезе овие денови. Ноќеска пак се будеше со плачење.
Здраво мајки. Малата е 6 месеци и веќе 2 недели е нервозна ги пика рацете во уста ги џвака и се што ќе фати во рака нервозно го пика во уста. Непцето и е набабрено и знам дека се спрема да излезе првото запче. Но мене ме загрижува друга работа. Од саботата има проливче, нема температура, не повраќа. Прв пат проба крушка во саботата и мислев дека е од тоа но еве сеуште трае веќе 6 ден. Др ми рече да и давам пробиотик а сега не е тука овие неколку дена па во консултација со сестрата однесов примерок на испитување за да видиме да не е вирусно. Резултатите излегоа негативни. Пробиотик давам но подобрување не гледам. Дали е можно проливот да е од запето иако трае подолго време?