кај нас кај првото дете беше така, пред никнување на заб детево беше со пролив. Така да можно е да е од тоа
Мајки а да ве прашам до кога лигавеа вашите бебиња, моето е 11 месеци мислам од ден на ден се повеќе лигави. Има 5 запчиња.
Здраво мајки на 11 октомври ќе полни 3м ама последнава недела две е некако по напната кога цица ме притиска со непцата ја осеќам а за рачињата да не зборам постојано во уста ги глода, се лигави, веќе 3недели и е сменета столицата течна е, температура нема, кога ќе ја отвори устата на долната вилица каде што треба да бидат 1и2 има бели цртки само таму, денес праша мм во аптека за маст за разладување на непцата таа му рекла на мм гладна е чим ги лапа раците мала е за маст, и сеа нз дали да и купам од герданчево за запчиња... Искуство вакво немам дадите нејзини заби извадија на 7м и тоа по 4им испаѓаа ни тт ни лигавење не сетив дека заби вадат..
Не верувам дека е гладна. Бебо мој цело време е со рацете во уста. Ако не се рацете, цуцлата е. Не е гладен сигурно. По напредувањето на бебе ќе видиш најубаво, ние 2 месеци по 1700 гр качуваме, не е до тоа. Оралната фаза е почната. И мене ми рекоја исто затоа ти кажувам. Инаку исто, бебе има на долните кецови бело и горе. Го чешкам со коската од прст за да проверам и се смирува така. Јас не би да давам ни гелови ни ништо, мислам нема потреба, освен ако не се издржува.
Да си се пофалам приметив дека и пробиле две запчиња долу на малата (6+) многу сум среќна и денес ме држе еуфорија не приметив баш некоја посебна промена овој период, не се ни лигавеше како пред месец дена, беше малку нервозна и се ставаше во уста нервозно Предлог за прославување гледам некои прават торта во форма на запче некои пак колачи, вие како го обележавте појавувањето на првото запче?
Нека и се редат како бисерчиња бели, нз душо кај нас како обичај е тој што ќе го види прв запчето да му купи нешто бело на детето макар и крпче за нос да е, белото ја симболизира бојата на забите т.е да бидат бели...
фала мила да си жива и здрава да за тоа и јас знам но сакав и нешто плус ама незнам што, нешто симболично ке најдам нешто имам време додека да се појави бисерот
Мамички а кога правевте сутлијаш или колачиња запчиња,кога ќе порасне запчето или штом подизлезе? Јас сум жива радост,утре прави 10 месеци мојот Н и вадиме 4 запчиња наеднаш кецови и двојки горе од долните сеуште нема трага
Јас го чекав да подизлезе една недела, дека гребеше на допир ама едвај се гледаше. Сега штрчи 2мм над непцето, се приметува. За утре нарачав колачиња
Што крема давате за вдење заби? Имало некоја од грција, мундисал дали некој има слика да ми покаже како изгледа? И дали ја има во Бугарија да не знаете?
Јас и ставав Dentinox-Gel, многу и помагаше. Земав пред тој на Физидерм еден, како ништо да не сум и ставила...