Конечно на 9месеци првото запче Симптоми огромна кенкавост, нејадење, нервозна, не спиење. Излезе левата долна единица а набабрена е и десната, се надевам дека ќе појаде сега и дека нема толку да се измачи. Приметив дека сакаше поладна храна, ако нешто беше млако не го сакаше. И смоки кога јадеше (Лино) ги носеше на страна да ги крши со непцата не напред
Ај честитоИ кај нас конечно на 8,5 месеци.Скокав од радост кога видовИсто кенкавост одвреме навреме,добро што со јадењето немаше проблем,поладна храна да,само што многу лигавеше. Ајде нека никнуваат само едно по едно,белки без некои поголеми проблеми
Точно на 6 месеци бебенце извади 2 запчиња со разлика од 2 дена. Беше нервозна и кенкава и се ставаше во уста. Имаше мака со спиењето ама потпрестана. И еве ја после 10 дена многу плачлива и нервозна а веќе долните 2 и се излезени. Вчера кога ја погледнав во горните,гледам десно запче пробива. Замислена сум од симптомите. Екстремно нервозна,се подбутнува напред назад,мафта со рацете и квичи,а еднаш или два пати во денот како да се стресува од ладно. Плаче ако не и се даде нешто по што ќе посегне...многу тешко заспива,со плачење. Јаде и пие млеко нормално. Дали се тие симптоми на заби?
Имаме запче и ние малата е 5м и 2д немаше некоја промена кај неа се лигави од 2м па и порано се у уста става... Сега додека ја ранев на лажичето сетив ама не дава да ја сликнам...
Незнам дали ми е за тука прашањево ако не е преместете. Многу сум загрижена. Малата има година и месец, приметив единиците горе не и се изронати туку озгора кај непцата ми гледаат расипани незнам исто и на двојкаа малку ко точка да има. Дали е возможно да се расипат за би што се вели уште непораснати и дали евозможно да ја види стоматолог оглед што и излегуваат 3 4,и не отвара уста. Да и давам нешто да ја мачкам? @Annath ? Мислам ти беше стоматолог
Наслаги се тоа, како почетни знаци на кариес. Т.н baby bottle caries бидејќи обично се јавува кај повеќето деца што ноќе цицаат или пијат млеко/сок од шише, се јавува циркуларно, на делот кај непцето и во круг ги зафаќа забите, затоа се ронат. Убаво четкање само, и по можност премачкување на стоматолог, да се спречи ширење. Однесете ја иако е мала, можеби ќе соработува. Инаку може да помогне премачкување со tooth moussе, ама дали ќе биде 100% ефикасно, нема гаранција. Навистина е мала за било каква интервенција, освен четкање и премачкување, друго не верувам дека ќе може да се направи.
ти благодарам. Не пие од шише, само вода и тоа многу ретко. Шеќер освен од овошје нема пробано. Сок не пие. Цуцла не фаќа. Едино цица ноќе. И тоа многу. Ќе пробам да ја види др. Каде го има тоа tooth mouse?
Може да ви го нарача матичен стоматолог. Во Скопје го има во аптеката во Капитол Мол. Ако соработува на стоматолог, доволно е тоа премачкување таму, освен ако тој/таа не препорача поинаку.
Од кога се користи детска паста? Од 4 м имаме забчиња. Малце пред 6 почнавме со храна. Му ги четкам пред спиење со вода ама не знам кога треба со паста. 6 ипол сме. За понатака прашувам..
По препораките, кога ќе научи да плука. Ама пошто има детски пасти без флуор, може да земеш некоја од нив.
На моето само Осанит гранули му помагаат, имам пробано и бело вино и тоа му помага малку, но осанитот најмногу го смирува. Сега 4ките му растат, многу се чеша, одвреме навреме плачи и се клава во уста, 13м е.
Сакав и јас со бело вино да пробам..ама се мислев дека вино е ... Многу е нервозен и он се става во уста..скоро 6 е и уште нема забчиња
Во неделата, минатата, ни излезе првото запче. Прв пат за 5 месеци бебе се разбуди ноќеска со вознемирувачко врескање, откако претходно спиеше само половина час. Се смири брзо и потоа поврза неколку часа. Утрово гледам и второ запче. Можно е врескањето да беше реакција на запчето? Претпоставувам тоа што вчера пак ми поднастина беше ради второто запче. Ај можда ќе одмориме малку од настинки сега откако избија и двете. Сега што следно да очекувам? Двојките долу или единиците горе?
Иако не е строго правило...очекувај ги единиците горе. На првиот син прво му пораснаа двојки наместо единици, но бидејќи имам детски стоматолог во фамилија ке ви кажам дека единствено важно е само да пораснат на местото каде што треба да бидат, редоследот на појавување не е важен.
Па обично ако редоследот им е растурен, никнуваат и со погрешен правец. Како и да никнат, ништо не може да се преземе на таа возраст, така да со ништо да не се замарате, ќе си никнат како и да е. Ако се криви, постојат протези, се се решава.
I na mojata ubavica izleze prvoto zapce. 3 dena do polnih 14 meseci. Baba i se mnoguuu zagrizi, na site zboruva kako taa uste nema zabi, a batkoto uste pred 5 meseci gi izvadi Jas molcev, znaev deka mora sa izleze nekogas.
Така е, криви заби полесно се решаваат одколку да го зафатат местото на друго запче. А и на таа возраст неможе ништо да се направи околу тоа.