Е така беше и кај малата моја. Да пипнеш со прст се осеќаше дека гребе, ама требаше скоро 2 недели за да се приметува кога ќе се насмее.
И ние не. Само се лигави, се става во уста, а запче нема. Синко на 9 и пол месеци извади, па ако е по генетика рано е. Ве
Колку време трае она најболното при вадење заб? Цела недела е кенкав, од пред 3 дена плаче само навечер, ама му поминуваше со гелит. Денес одбива и да цица, рацете во уста, гелот само на кратко го смирува... Се надевам нема да е долго ова вриштењево како денес... Плаче до зајдување од што го боли. @Spidy @Annath, anyone?
Премногу е индивидуално. Нема правило. Ако многу го боли, давај парацетамол пола доза, барем пред спиење, да си одмори детето. Нема бегање од тоа, сите мора да го поминат вадењето на заби.
Мојов на 7 + месеци извади 4 заби одеднаш горе, а веќе од 4м имаше два долу. Не знам што е подобро дали наеднаш или еден по еден
И јас исто се прашувам, навечер му се поремети спиењето, плаче и плаче, го мачкам но после е исто се. Кенкав е преку ден се не му е по кеф и само чекаме и се прашуваме дали вака сите заби ќе ги поминеме или не. Од 3 ипол месеци го мачат сега сме 6ипол.
Веќе 1 месец имаме отечено и забелено непце а запче никако да се појави. Бебе нервозно пика раце во уста р'жи цика пика носи во уста шо ќе стигне ќебе играчки шо ќе му се најде при рака тоа да може и мене ќе ме изеди ... Има вечери кога се буди плачејќи денаки спие по 10 минути лиги на сите страни лигавки утоп мокри дури се засркнува и кашла од нив... Мачкам со гелче од Фризи Дерм ама ко да нема ич фаде од него утре ќе земам друго. Сакав да му ја купам оваа глодалка ако ја сака другите ги фрла дали некој ја има да.сподели искуство?
Sry za Off topic malku Ni izleze zapce Nekoj isproban recept za turte I idei za ukrasvanje ako moze i slika
Можно е. На ќерка ми и никна една единица доле и една горе во исто време, уште една горе за некој ден. Три заба се појавија во истата недела. Четвртата единица беше после неколку недели. Значи нема правило за тоа, може и сите заедно, може и едно по едно со месеци разлика.
Здраво моето бебе има 6 месеци од како се роди си спиеше по цела ноќ од 22:00 - 10:00 со 2 - 3 будења за цицање. Е сега веќе неколку ноќи цело време се буди со плачење и сака да спие само во раце кога ќе го спуштам веднаш се буди. А преку ден си спие нормално,играчките цело време му се во уста а кога нема играчки тогаш рацете и премногу се лигави. Дали можеби се мачи од забите?
На таа возраст отприлика почнуваат да учат дека мама може да ме остави и да ја напушти собата, таквото плачење кое се смирува во раце на тоа повеќе ме асоцира. Лиги може да има со месеци пред да никнат забите. Не дека не може да извади заби и сега ама не мора да значи. Обично се чешаат со прсти, одбиваат да јадат и се кенкави по цел ден баш пред никнувањето на забите.